Фото: Пиксабеј

Домување

Има ли нешто полошо од дом што мириса непријатно? Готвење, чад од цигари, миленичиња, разни остатоци… – сето тоа придонесува во домот да се создадат непријатни мириси, кои можат да го направат секојдневието неподносливо. Во следните редови проверете како можете да направите вашиот дом да мириса убаво без вештачки освежувачи.
Пред да направите што било, отворете ги прозорците и пуштете свеж воздух во куќата или станот. Се препорачува тоа да го правите неколкупати на ден, без оглед на временските услови.
Потоа направете природни домашни мириси од ароматични состојки. Во тенџере додајте разни билки, зачини како цимет, ванила, каранфилче, морско оревче, кора од цитрус (сите мириси што ги сакате). Оставете го да крчка на најниска температура додека аромите целосно не се распрснат низ станот. Доколку не сте љубител на вакви мириси, тогаш обидете се само да го неутрализирате непријатниот мирис на вашиот дом со сода бикарбона. Ова е многу едноставна, но и многу ефикасна комбинација на сода и лимон. Содата ги апсорбира миризбите, лимонот му дава на воздухот освежителен мирис на цитрус.
За овој природен освежувач за домот ќе ви треба тегла со капак, шолја сода бикарбона и еден лимон со средна големина. Со нож или со остриот дел на ножиците пробијте дупчиња на капакот на теглата, во теглата истурете шолја сода бикарбона, излупете го лимонот и исечете ја кората на парчиња и додајте ги во теглата. Овој освежувач можете да го поставите секаде каде што има непријатни мириси, а можете да направите неколку тегли што ќе ги комбинирате со други ароми.