Фото: Пиксабеј

Домување

Без разлика колку сте платиле за вашите крпи, тие со текот на времето ги губат својот квалитет и мекост откако ќе се исперат во машина за перење. Затоа, не е лошо да знаете еден трик со чија помош ќе ги омекнете старите крпи. Крпите често може да бидат груби по перењето, а причините може да бидат тврда вода, нечистотија или дури и омекнувач.
Многу луѓе прават грешка мислејќи дека омекнувачот или некој друг производ ќе им помогне да ги одржат крпите меки, но всушност тие производи може да создадат проблематичен слој на влакната. Иако мирисаат неверојатно, тие им даваат на влакната слој што ги прави поотпорни на вода.
Затоа, често се препорачува да додадете бел оцет, бидејќи има кисели својства, што може да ја отстрани нечистотијата од крпите. Сепак, тоа не функционира секогаш и значи дека потенцијално ќе треба да издвоите многу пари за бел оцет. Меѓутоа, постои поедноставно решение за избегнување средства. Една жена сподели совет со чија помош го решила овој проблем само за 10 минути, пишува „Мирор“.
– Иако користам бел оцет за перење на крпите, единствениот начин да ги омекнам во моментов е да ги ставам да се сушат во машината за сушење. Толку брзо и лесно. Потребни се само 10 минути – објасни таа.
Инаку, некои брендови чии производи се користат за перење и одржување на облеката, често го препорачуваат овој трик со ставање крпи и друга облека во машината за сушење алишта веднаш по перењето.
Исто така, треба да се погрижите да има доволно простор во машината за сушење за да се исушат крпите што е можно подобро. Покрај тоа, се претпочита да се користи пониска температура, што ќе помогне да се спречи оштетување на влакната.