Фото: Пиксабеј

Домување

Експертката за фенг шуи Марија Дајмонд открива каде и како треба да ја поставиме велигденската декорација неопходна за привлекување позитивна енергија и хармонија во домаќинството и што мора да избегнуваме.
ВЕЛИГДЕНСКО ЗАЈЧЕ: Во фолклорот за фенг шуи,зајакот има долга историја. Фигурите претставуваат плодност, изобилство на љубов, богатство, бесмртност и среќа. Пар бели зајчиња во дневната соба можат да привлечат среќа. Најдобро би било да ги поставите во источниот дел од домот – дневна, трпезарија или канцеларија.
БЕЛИ ЛИЛЈАНИ: Белите лилјани претставуваат чистота, доблест, мир и божествена енергија. Поставувањето лилјани во северозападната област на кој било простор може да помогне да се привлечат повеќе охрабрување и мир во околината. Североисточниот дел, област за духовен раст, е уште една просперитетна област за овие цвеќиња.
ОРНАМЕНТИ ВО ОБЛИК НА ЈАЈЦЕ: Не можеме да го замислиме Велигден без декорираните јајца, кои се сметаат за заштитник на плодноста. Со поставување јајца низ куќата, можете да ја направите околината попријатна. Освен тоа, украсите во облик на јајце се добредојдени насекаде во куќата за време на Велигден, тие симболизираат семеен круг или гнездо каде што членовите на семејството се чувствуваат безбедно и спокојно. Ставете ја чинијата со јајца во западниот дел од домот, трпезаријата или дневната соба.
КРСТ: Крстот е основниот симбол на христијанската вера и без него не може да се замисли ниту еден верски празник. Ставете го во северозападниот дел од домот, во трпезаријата, канцеларијата или закачете го над рамката на вратата.
СВЕЌА: Свеќата дава светлина што ја растерува темнината. Во религијата таа е вечна светлина што на христијаните им го покажува патот од смртта до вечниот живот. Според советите на Марија, поставете ги во североисточниот дел од домот.
ЗЕЛЕНИЛО: Тоа е симбол на мирот. Украсете го југоисточниот дел од домот, односно просторијата во која поминувате поголем дел од времето со зелени гранчиња.