Фото: Пиксабеј

Нега и убавина

Руската докторка Јулија Дороњина вели дека златото помага да се смени штетната оксидација што се јавува од секојдневната изложеност на токсини и загадувачи. Неверојатно е за што сѐ е добра златната вода.
Покрај тоа што е антибактериско и антиинфламаторно, златото ги избелува и старечките дамки и дамките од сонце. Златната вода ја забавува потрошувачката на колаген и еластин, го стимулира растот на клетките, дозволувајќи им на молекулите на кислород да се транспортираат директно до кожата, што ја ревитализира и ѝ дава младешки изглед.
– Исто така, ја стимулира циркулацијата, го зајакнува мускулниот тонус, а одговара и за сите типови кожа. Ако се миете со златна вода, мрсната кожа го губи вишокот сјај и станува мазна, додека сувата кожа ќе биде мека и хидрирана. Исплакувањето на косата со оваа вода ја зајакнува косата и го ревитализира скалпот – вели д-р Дороњина.
Ова е рецепт за подготовка и користење златна вода од нејзината книга „Шунгит – каменот заштитник“.
Приготвување: Земете златник, дукат или парче накит од исклучиво жолто злато, без украсни камења, тешко околу три грама. Добро измијте го под млаз вода и ставете го во неоштетено емајлирано тенџере.
Златото прелијте го со две чаши филтрирана вода и оставете да се вари на тивок оган додека количеството вода не се намали за половина. Извадете го златото, а водата користете ја за миење, масажа или како облоги против болки во мускулите, како и за стимулирање на лимфната дренажа.