Домување

Одгледувањето зеленчук во саксии стана особено популарно во последниве години. На тој начин во исхраната ќе вклучите здрава храна, која не е полна со пестициди.
Потребно е да купите саксии со дренажни дупки. Ставете погруб материјал на дното, т.е. груб чакал. Потоа, пополнете ја со земја. Постојат неколку вида зеленчуци што можете да ги одгледувате во саксии. Гравот најдобро се сади во периодот од септември до ноември. Саксијата треба да биде со дијаметар од 30 сантиметри и длабока 25 сантиметри.
Ако сакате да засадите краставица, семето треба да го посеете напролет, кога температурата е над 15 степени. Ќе треба да ја потпрете со стапови или јаже, а плодовите ќе созреат за 42 дена.
Марулата е еден од најдобрите зеленчуци за одгледување во саксии. Во текот на пролетта треба да биде изложена на сонце, а кога ќе дојде лето да се премести на некое поладно место за да не венеат листовите.
Кратките, т.е. беби-морковите можете да ги засадите во тегли или саксии. Важно е редовно да ги полевате. Цвеклото е исто така една од намирниците што можете да ги засадите.
Доколку имате намера да одгледувате модар патлиџан, имајте на ум дека треба постојано да се полева и да се чува на многу топло и сончево место.
Зелката, карфиолот и брокулата не бараат многу труд. Доброто е што можете да одгледувате и сладок компир во саксии. Можете да засадите до шест растенија грашок во длабоки саксии.
Засадете шери-домати во саксии длабоки до 15 сантиметри, а за други видови домати користете саксии длабоки до 30 сантиметри. За да засадите ротквички, расфрлајте ги семките во мала саксија и редовно полевајте ги.