На терасата на Музејот на современата уметност во Скопје, минатата среда здружението „Икуалити“ се обиде да ги прошири хоризонтите на скопската модна култура, промовирајќи високи вредности на општествена инклузија и отворено општество преку настанот „ЗЕН-инклузивна вечер“.
На ревијата главни актери беа лицата со уникатни способности, директно вклучени во процесот на моделирање и креирање на колекцијата на адаптирана гардероба изработена по индивидуална мера.
Ова беше прекрасно културно и модно искуство, во кое 31 лице со попреченост продефилираа на моднатa писта, презентирајќи ја првата колекција на ЗЕН-адаптирана гардероба. Настанот беше дополнет со музичка програма, кулинарско уживање и ексклузивна изложба на портрети на лицата со мисија со општествени пораки упатени за поголемо вклучување и сеопфатна општествена одговорност.
Проектот е на здружението „Икуалити“ и „Зен футурус“, со поддршка на Македонската асоцијација за мода.
Целта е да им се даде поддршка на лицата со попреченост, да го трансформира дотерувањето од фрустрација во задоволство, да влијае на квалитетот на животот, самодовербата и подигнување на нивото на нивната животна независност. Во креирањето на колекцијата главни актери беа лицата со уникатни способности, директно вклучени во процесот на моделирање и создавање на колекцијата на адаптирана гардероба изработена по индивидуална мера и подарена во целост на овие лица.

М.Т.