Бендот „Калуш оркестра “, кој Украина го пријави за годинашниот избор за песна за „Евровизија“, соопшти дека сè уште планира да патува во Торино, Италија, на натпреварот во мај и покрај војната што беснее во нивната земја.
– Се подготвуваме најдобро што можеме и ќе дадеме сè од себе да ја претставиме нашата земја на најдобар начин – вели пејачот Олех Псиук во видеото објавено на Инстаграм.
Тој им оддаде почит и на организаторите на натпреварот за нивната поддршка.
„Калуш оркестра“ со песната „Stefania“ е главен фаворит за победа на годинашниот натпревар. Бендот ќе настапи во првото полуфинале на 10 мај. По почнувањето на руската инвазија пред еден месец, бендот ја изрази својата поддршка на социјалните мрежи за отпорот на Украина против руската инвазија.
Русија е исклучена од годинашната „Евровизија“, како и нејзиниот сосед и близок сојузник Белорусија