Здрава храна

Голем број истражувања покажале дека консумирањето одредени видови храна и пијалаци му помага на телото да се ослободи од штетните материи во организмот. Издвојуваме три зачини што можат да ги „исчистат“ белите дробови.
Куркума: Истражувањата покажаа дека куркумата го подобрува чистењето на белите дробови од штетните материи како резултат на пушење или живеење во загадена средина. Покрај тоа, спречува болести на респираторниот систем. За да уживате во антивоспалителните придобивки на куркумата, измешајте ја со малку црн пипер.
Лук: Лукот им додава вкус на многу јадења, а најмногу лековити својства има кога се јаде суров. Сепак, имајте на ум дека големи количества лук не се препорачуваат за лицата со стомачни и проблеми со варењето. Лукот го нарекуваат и природен антибиотик, средство за одзатнување на респираторниот тракт, моќно растение со антиканцерогени и антиинфламаторни ефекти што ги сузбива габите и одредени вируси. Содржи алицин, кој ги уништува респираторните инфекции.
Ѓумбир: Ѓумбирот има многу лековити својства. Го зајакнува имунитетот, го подобрува варењето, ја намалува надуеноста, ги намалува воспалителните процеси во организмот и ги отстранува токсините од белите дробови и остатокот од телото, поради што се препорачува за пушачи. Најчесто се прави чај или се додава во здрави пијалаци, а може да се користи и како зачин за солени и слатки јадења.