Медицински совет
Ако пиете лекови против болки или некои други апчиња, треба да знаете со кои пијалаци не треба да го правите тоа. Сите лекови имаат упатство, кое треба внимателно да се прочита, а во него е наведено како е најдобро да се зема лекот. Има и совети дали може да се пие на празен желудник или со храна.
Стручњаците велат дека има пет пијалаци со кои треба да се избегнува земање лекови, бидејќи може да го зголемат времето на разградување, што значи дека лекот ќе почне да се топи пред да успее телото правилно да го апсорбира.
Ги наведуваме петте пијалаци што се наведени во студија објавена во „Сауди фармацеутикал џорнал“.
Кафе: Веќе е познато дека кафето, поради кофеинот, потенцијално може да предизвика проблеми со лековите. Според студијата, топлите напивки, како кафето, може да го скратат времето на разградување, а тоа значи дека нема да го внесеме неопходното количество на лекот.
Сок од портокал: Студијата тврди дека тој може да влијае на разводнување на лекот, па затоа треба да се замени со вода.
Газирани пијалаци: Тие влијаат на времето на распаѓање на повеќето тестирани лекови. Единствениот на кој не влијаат е лекот против алергии.
Енергетски пијалаци: Тие го забрзуваат времето на разградување на лекот и неговото навлегување во крвниот систем.
Млечни производи: Докажано е дека тие исто така не одат добро со лековите.