Медицински совет
Витаминот Д е неопходен за човечкото тело бидејќи ги одржува здравјето на коските, менталното здравје и помага при спиење. Затоа неговиот недостиг може да доведе до сериозни последици.
Според Националниот институт за здравје, секој четврти возрасен во САД има ниски нивоа на витамин Д. Доктор Минди Лејси вели дека тоа се лица што се борат со замор и со проблеми со коските.
– Недостигот од витамин Д е сѐ почест во последниве години – објаснува д-р Лејси.
Таа наведува дека многу пациенти не покажуваат симптоми, но ако се чувствувате уморни, имате болки во коските или имате промени во расположението, тоа се знаци дека имате ниско ниво на овој витамин.
Сепак, ова не се единствените симптоми што укажуваат на неговиот недостиг. Лицата што имаат ниски нивоа на витамин Д може да доживеат симптоми на депресија и губење на косата и апетитот. Исто така, полесно се разболуваат, почесто се соочуваат со болки во мускулите и имаат бледа кожа. Доколку имате еден од овие симптоми, најдобро би било да се консултирате со лекар, кој ќе го анализира опсегот на витамин Д во вашето тело.
Доколку се утврди дека имате прениско ниво на витамин Д, ќе мора да користите додатоци во исхраната, но освен нив препорачливо е да поминувате повеќе време на отворено и да консумирате храна што е извор на витамин Д. Тука секако спаѓаат и видовите риби како лосос, туна, пастрмка и скуша, но и жолчки од јајце и говедско месо.