Научниците од Универзитетот во Хонгконг објавија дека откриле нов вид медуза во градскиот природен резерват Маи По, што е прво откритие на отровен вид во кинеските води, пренесува „Ројтерс“.
Баптистичкиот универзитет со Светскиот фонд за дивиот свет во Хонгконг, Океанскиот парк во Хонгконг и Универзитетот во Манчестер објавија дека заеднички тим собирал примероци од медуза во текот на 2020-2022 година и открил дека станува збор за нов вид.
Се вика трипедалија маипоенсис и има тело во облик на коцка, безбојно, со 24 очи. Според студијата, има три пипала долги до десет сантиметри, кои личат на бродски лопатки, што ѝ овозможува да произведува силни стисоци и да плива побрзо од другите видови медузи.
Иако моментално е откриена само во Маи По, тимот научници веруваат дека видот е широкораспространет и во соседните води, устието на Бисерна Река.
– Ваквите медузи се слабо познати во кинеските морски води. Нашето откритие на трипедалија маипоенсис во Маи По, релативно добро проучено подрачје, ја истакнува богатата разновидност на морскиот свет во Хонгконг, па дури и во цела Кина – велат научниците.
Според студијата, медузите, кои ѝ припаѓаат на класата Кубозоа, вклучуваат некои од високоотровните морски животни што се широкораспространети во тропските води.