Домување

Мијалникот бара редовно чистење и одржување. Меѓутоа, многу домаќинки несвесно ги прават следните грешки при чистењето, а не би требало.
Само го бришете со влажна крпа: Многу домаќинки само го бришат мијалникот со влажна крпа, мислејќи дека така се ослободиле од нечистотијата. Но тука прават голема грешка! Експертите истакнуваат дека мијалникот мора да се дезинфицира еднаш неделно. При чистење, треба да се внимава темелно да се избрише, вклучувајќи ја и надворешноста. Исто така, ако лупите или сечете свеж зеленчук на кој сѐ уште има траги од земја и ако ги миете садовите што не биле користени долго време, веднаш потоа мора да го исчистите.
Користите груби сунѓери: И ова е вообичаена грешка кај домаќинките. Груб, потврд сунѓер ќе ја оштети површината на мијалникот. Затоа, измијте го со топла вода, течност за миење садови и задолжително користете мек сунѓер за да ги отстраните насобраните дамки од остатоци од храната. Овој чекор е многу важен бидејќи не можете да ја дезинфицирате површината ако претходно не сте ја исчистиле.
Заборавате да дезинфицирате по чистењето: Неопходна е дезинфекција на површината на мијалникот. Но ако сакате да избегнете користење хемикалии, оцетот може да биде од голема помош во овој случај. Нанесете го на памучна крпа и истријте. Освен што ќе го дезинфицирате, ќе му дадете и подобар сјај.
Заборавате на одводот: Последниот чекор за чистење на мијалникот е чистење на одводот. Многу го забораваат ова, а не треба. Затоа, одводот треба да се чисти еднаш месечно. На овој начин ќе го спречите ширењето на непријатните мириси. Истурете една лажица белило измешано со една четвртина вода во одводот. Можете исто така да користите мешавина од сода бикарбона, оцет и сол за да го одзатнете одводот. Измешајте ги овие три состојки во еднакви размери во половина шолја и истурете ја смесата во одводот. Потоа, исплакнете со врела вода.