Концертот на „Дајте музика“, кој требаше да одржи на 27 мај, на Стадионот на АРМ во Градскиот парк во Скопје, е презакажан за 18 јуни, информираат од продукцијата „Авалон“.
– Со жалење ве информираме дека поради лошите временски услови што се најавени за овој викенд, а кои ќе бидат проследени со дожд и грмежи, концертот на „Дајте музика“ ќе се одржи на нов датум – 18 јуни, в сабота, на истата локација – Стадионот на АРМ во Скопје! Имено, безбедноста нам ни е многу важна, особено кога станува збор за најмладата популација, па затоа се одлучивме да го презакажеме концертот за 18 јуни, а да се одржи на истата бина и со истата продукција (звук, светло, лед-екрани) од шоуто на Тиесто. Со тоа, концертот на нашите и ваши омилени „старомаалци“ ќе биде уште поспектакуларен! Сите што имаат набавено влезници за настанот имаат можност да ги зачуваат бидејќи ќе им бидат важечки за новиот датум, 18 јуни, или доколку сакаат рефундација истото тоа може да го сторат на продажното место од каде што ги имаат купено влезницит, во периодот од 26 мај до 2 јуни – се вели во соопштението на „Авалон“.