Кина и Египет потпишаа договори за соработка за унапредување на напорите за истражување на длабоката вселена, развој на вселенски летала и изградба на вселенска инфраструктура. Џанг Кеџијан, директор на Кинеската национална вселенска администрација (ЦНСА), и Шериф Седки, главен извршен директор на Египетската вселенска агенција (ЕГСА), потпишаа меморандум за разбирање во Пекинг за соработка во вселената и мирно користење на вселената.
Дополнително, тие потпишаа договор за соработка помеѓу ЦНСА и ЕГСА конкретно фокусиран на Меѓународната станица за извидување на Месечината (ИЛРС). Двете агенции „ќе ја охрабрат заедничката соработка за истражување и развој на различни полиња, вклучувајќи истражување на Месечината и длабоката вселена, развој и лансирање вселенски летала, изградба на вселенска инфраструктура, прием и примена на сателитски податоци, БРИКС-констелација на сателити со далечинско набљудување, вселенска наука и астрономски набљудувања“, објави „Глобал тајмс“.
Египет го лансира во орбитата сателитот МИСРСАТ-2 со далечинско набљудување на кинеската ракета-носач „Лонг марч 2Ц“ од центарот за лансирање сателити Џиукван во северозападна Кина минатиот понеделник.
– МИСРСАТ-2 е значаен проект на длабока соработка меѓу Кина и Египет во областа на високотехнолошката авијација и е пресвртница во соработката на двете земји во областа на воздухопловството – соопшти Кинеската национална вселенска администрација.