Фото: Пиксабеј

Домување

Вишокот кондензација или влага во вашиот дом може да биде непријатен во најдобар случај или сериозно штетен за вашето здравје во најлош случај. Тоа е проблем со кој се соочуваат илјадници домаќинства, особено во овој период од годината. Всушност, секој петти дом има проблем со влага.
Понекогаш проблемот може да се реши само со подобрување на структурата на зградата или со прибегнување кон скапи решенија, како што се вклучување одвлажнувач или инсталирање вентилатори или изолациски малтер. Меѓутоа, постојат некои евтини решенија што можат да помогнат да се реши проблемот.
Николас Дониторн, британски менаџер за технички услуги во „Рентокил“, објасни дека теоријата е едноставна.
– Колку помалку влага произведувате во домот, толку помалку ќе се формира кондензација. Затоа размислете како ќе ја отстраните влагата за време на секојдневните задачи – рече тој.
Постојат неколку бесплатни начини да го направите тоа: ќе ви помогне отворањето на прозорецот додека готвите и туширање со отворен прозорец или со вклучен вентилатор. Исто така ќе помогне и сушење на влажните алишта во домот со отворен прозорец, бидејќи тоа помага влагата да излезе надвор, што значи дека нема да остане во вашиот дом. На крајот, Николас предлага температурата во домот да ја одржувате константна.
Светската здравствена организација препорачува 18-20 Целзиусови степени како добра температура, со 50-60 проценти релативна влажност.
– Запомнете дека како што температурата паѓа, воздухот може да задржи помалку влага и кондензацијата станува ризик – истакнува Николас.