Техно

По лансирањето на бета-верзијата во февруари, компанијата „Мајкрософт“ сега ја направи поддршката за „Фон линк“ за иОС достапна за сите корисници.
Од „Мајкрософт“ велат дека поддршката за апликацијата „Фон линк“ за ајфон сега е достапна за сите, а како што беше најавено претходно, апликацијата овозможува синхронизација на повици, контакти и пораки, вклучувајќи и ограничена поддршка за „ајмесиџ“, помеѓу ајфон и компјутер.
„Фон линк“ постои за андроид од 2015 година, но ова е првпат да поддржува ајфон. „Мајкрософт“ лансираше фазно лансирање почнувајќи со избрани тестери за „Виндоус инсајдер“ кон крајот на февруари, проследено со општа достапност минатиот месец. Компанијата вети дека сите корисници на „виндоус 11“ ќе добијат поддршка до средината на мај, така што оние што користат виндоус-компјутер и ајфон веќе можат да користат „Фон линк“.
Сепак, треба да се каже дека „Фон линк“ за ајфон има неколку ограничувања, кои ги немаат телефоните со андроид. Прво, иако синхронизацијата на „ајмесиџ“ е поддржана, таа не функционира за групни разговори, ниту за испраќање фотографии и клипови. Покрај тоа, гласовните пораки и апликациите „ајмесиџ“ нема да работат, но синхронизацијата сепак би можела да биде корисна и да заштеди време при „префрлање“ од компјутер на мобилен и обратно.
За да користите „Фон линк“ треба да ја најдете во лентата со задачи на „виндоус“. Откако ќе ја отворите апликацијата треба да нагодите неколку работи на двата уреда. Прво, се одбира ајфон како тип уред, а потоа неговата камера се користи за скенирање на кју-ар кодот во апликацијата „Фон линк“. Уредите се поврзуваат преку блутут, но треба да се потврдат неколку дозволи на ајфонот и компјутерот. „Фон линк“ поддржува кој било ајфон што работи со иОС 14.0 или понова верзија.