МРТ ја промовираше песната „Маратон“, со која Македонија ќе учествува на „Детската евровизија“ во Мадрид, Шпанија, на 16 ноември.
Песната ќе ја изведат Ана Ванчевска (14) и Алексеј Ивановски (13) од Битола, кои беа избрани на аудиција организирана од јавниот сервис. Автор на музиката за „Маратон“ е познатиот македонски композитор и хитмејкер Лазар Цветковски, а текстот е на неговата сестра и постојана соработничка, Магдалена Цветковска. Изработен е и видеозапис во комплетна продукција на МРТ, снимен на повеќе локации.
Инаку, ова ќе биде 22. издание на „Детската евровизија“, а Македонија учествува од самиот почеток. Најдобар пласман на нашата земја е освоеното петто место.
За жал, според најавите, МРТ нема да учествува на „Евровизија“ за возрасни следната година, исто како и лани.