Во 1. коло во Првата кошаркарска лига, која треба да почне на 6 октомври, првакот Работнички треба да игра на гости кај АВ Охрид, реши ждрепката во Македонската кошаркарска федерација (МКФ). Со едногласната одлука на Здружението на прволигаши во лигата ќе играат 11 тима, откако беше прифатено барањето на КК Шкупи за учество во Првата лига. Други двојки за 1. коло: Блокотехна – МЗТ Скопје Аеродром, Пелистер – Фени индустри, Гостивар – Кожув, Вардар – Куманово. Слободен е Шкупи.