Новиот проект за одржливост почна во Токио во пресрет на Летните олимписки игри (ЛОИ). Колекционерските кутии за употребена пластика се достапни на повеќе од 2.000 места за проектот „Подиум“, објави ИОК. Ќе се собира и oтпад собран и од океаните. Подиумите, кои ќе бидат направени од рециклирана пластика, и на кои ќе се качуваат олимписките победници на Игрите во Токио, ќе бидат претставени во јуни в година. По Игрите пластиката пак ќе се рециклира во амбалажа за пакување за производите на П&Г. Рециклирањето пластика е еден од низата проекти во програмата за одржливост на ЛОИ 2020. Медалите се направени од фрлените електронски апарати, а операцијата БАТОН вклучува изградба на делови од Олимпиското село користејќи донирана локална граѓа. Главната цел е да се соберат 1,5 милион парчиња пластична амбалажа, со што 75 грама јаглероден диоксид ќе се спасат за секое парче рециклирана пластика. Откако ќе се постигне целта, ЛОИ 2020 и П&Г ќе заштедат доволно енергија за 112 години да осветлуваат едно просечно домаќинство, велат од ИОК.