Здравствените истражувачи од универзитетот „Мичиген“ откриле дека јадењето на еден хот-дог може да одземе 36 минути од вашиот живот. Во студијата, објавена во списанието „Нејчер фуд“, се вели дека истражувачите прегледале 5.853 намирници во американската прехрана и ги измериле нивните ефекти во минути врз здравиот живот.

Тимот дошол до индекс што пресметува нето корисно или штетно здравствено оптоварување во минути здрав живот, поврзан со консумирање храна. Експериментот е заснован на истражување што е насловено „Глобално оптоварување со болести, кое го мери морбидитетот поврзан со изборот на она што го јадеме“.

На пример 0,45 минути организмот губи за преработка на месо или 0,1 минута за преработка на овошје во текот на варењето на храната. Потоа се прегледува составот на секоја храна и тој број се множи со соодветните профили на храната – вели Џолит.
Една од намирниците што истражувачите ја мереле е стандарден хот-дог. Тој приближно содржи 61 грам преработено месо, за чие варење се губат 27 минути здрав живот. Но кога се земаат предвид и состојките како натриум и трансмасни киселини, конечната вредност на загубеното време е 36 минути.