Генералниот директор на „Еуро ексим банка дооел“ ги наведе економистите да размислат, изговарајќи ја следната реченица: „Велосипедистот е катастрофа за економијата на една земја: не купува автомобил, ниту позајмува пари за да го купи.

Не плаќа за автомобилско осигурување, не користи гориво, не плаќа технички преглед, ниту пак има потреба од сервисирање. Не плаќа за паркирање. Не му се потребни автопатишта со повеќе ленти. Тој не станува дебел. Здравите луѓе не се потребни, ниту се корисни за економијата. Не купуваат лекови, не одат во болница или на лекар. Тие не придонесуваат ништо за БДП на земјата.“

Според него, од друга страна, секој ресторан на „Мекдоналдс“ отвора најмалку 30 работни места, поточно десет кардиолози, десет стоматолози, десет нутриционисти, се разбира, заедно со луѓето што се вработени во самиот ресторан.
Изберете внимателно: велосипед или ресторан? Вреди да се размислува. Пешачењето е уште полошо. Пешаците не купуваат ниту велосипед – се шегува тој.
(Текстот, се разбира, е сатиричен, или барем така го доживуваме, бидејќи велосипедот е закон.)