На годинашното британско „Гранд при“, Кристијан Хорнер од Ред Бул откри информации за новиот „валкури“ на „Астон Мартин“. Тој кажа дека „валкури“ ќе се тестира подоцна оваа година, со тоа што датумот за објавување би бил во 2019 година.

– Добро напредува дизајнирањето на автомобилот. Се наоѓа во етапа на финализирање на дизајните и во текот на овој месец се завршува со целиот дизајн на автомобилот. Шасијата уште малку ќе се заврши и треба да почнеме да го тестираме автомобилот, доцна налето или наесен наредната година. Деловите што се завршени и поминуваат кај нас изгледаат убаво. Тие се парче инженерска уметност, нешто што некогаш сум видел во патнички автомобил пред тоа – изјави Кристијан Хорнер од Ред Бул.

„Валкури“ не е патнички автомобил засилен за да има Ф1-моќ, туку е Ф1-автомобил со заоблени рабови предвиден за урбана средина. „Астон мартин валкури“ претставува хибриден електричен спортски автомобил со ограничено производство. Колаборативно изграден од „Астон Мартин“, „Ред Бул“ и неколку други производители. Инаку овој автомобил е исто така познат по кодните имиња, „АМ-РБ 001“ и „небула“. Голема помпа се создава околу автомобилот, но таа е заслужена. Тој претставува електричен спортски Ф1-автомобил наменет за урбани средини. За него се вели дека е повеќе од автомобил, дека навлегува во класата „хиперкар“ (супербрзи автомобили). Целта на дизајнот на Адријан Њуи, легендарниот инженер и дизајнер на Ред Бул Расинг од Формула 1, беше „да биде чист, едноставен и лесен“. Автомобилот има сооднос од 1:1 за килограм по коњски сили, а благодарение на стопроцентната конструкција од јаглеродни влакна, автомобилот тежи само 1.000 килограми.

Тоа, комбинирано со аеродинамиката со врвна класа и моќниот В12-мотор, треба да ги надмине скоро сите постојни професионални патни автомобили. Може да се каже дека овој извонреден автомобил „валкури“ е најновиот предводник на „Астон Мартин“, опремен со 6,5-литарски хибриден В12-погон со моќност од 1.130 коњски сили. Само 175 возила ќе бидат произведени, што го прават овој автомобил многу пожелен. Енди Палмер, претседател и извршен директор на „Астон Мартин Лагонда“, вели дека купувањето на автомобилот треба да чини од 2,65 до 4 милиони долари во зависност од избраните опции. Преку својот твитер-профил, откри дека неговата компанија ќе ги одземе резервите на „валкури“ за оние што планираат да го препродадат автомобилот и на истите тие ќе им биде забрането купување на идни автомобили од „Астон Мартин“.

Првите испораки за 2019 година се продадени. Перформансите на автомобилот се импресивни. За 3 секунди постигнува забрзување од 100 километри на час и максимална брзина од 320 километри на час. На многу начини „валкури“ е понапреден од автомобилите во Формула 1. Има активна аеродинамика и активна суспензија, вклучувајќи варијабилна висина на возењето (обете пропишани со правилата на Ф1).

Шефот за дизајн на „Астон Мартин“, Марек Рајхман, сакаше поинаков изглед и концепт отколку концептите на „ферари“ и на „мекларен“. Ладењето доаѓа одоздола и одозгора, а не од големи странични радијатори. Тоа создава многу поинаква естетика. Го опишува новиот изглед како агилен, лесен, елементарен и со уникатен образец. Според него, тој ќе биде полесен и поефикасен суперавтомобил.