Се снимаат сообраќајни прекршоци, месецов опомени, а од јануари казни

Камерите поставени на улиците од системот „Безбеден град“ од денеска ќе регистрираат сообраќајни прекршоци во рамки на едномесечен пробен период, пред целосната примена предвидена за почетокот на следниот месец. Во тек на пробниот период возачите ќе добиваат предупредувања, без изрекување казни. Според најавите, во почетниот период ќе се евидентираат сообраќајните прекршоци како што се: управување на возило со брзина поголема дозволената,...

Oд утре ќе почне пробен период за камерите што регистрираат сообраќајни прекршоци

Од утре стартува системот „Безбеден град, безбедна држава“, кој автоматски ќе регистрира сообраќајни прекршоци преку камерите на „Сејф сити“. До Нова година ќе трае пробен период – возачите ќе добиваат само предупредувања, без казни. Од јануари санкциите ќе бидат целосно активни. Портпаролот на МВР, Гоце Андреевски, најави нулта толеранција кон прекршувањата, без разлика дали се во населено место или на...

Српската рафинерија НИС нема да работи од вторник, вели Вучиќ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска објави дека рафинеријата на Нафтена индустрија на Србија (НИС) во Панчево нема да работи од вторник и дека Србија ќе мора да се „снаоѓа на различни начини“. Вучиќ рече дека граѓаните треба да бидат мирни, бидејќи државата ќе има „доволно решенија и доволно пари“. Тој најави дека вечерва ќе се обиде да има дополнителни разговори...

Рубио: Се очекува натамошен напредок во преговорите меѓу САД и Украина

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека очекува преговорите со украинските претставници да донесат „натамошен напредок“ кон постигнување договор за прекин на војната во Украина. - Ова не е само прашање на мировни договори. Тоа е создавање пат кон иднината што ќе ѝ овозможи на Украина да остане суверена, независна и просперитетна, и очекуваме дека денеска ќе постигнеме уште...

Мемов: Линеарното зголемување на пензиите е одлука на Владата, но Уставниот суд ќе го даде конечниот став

Барањето на сите релевантни здруженија на пензионери, вклучувајќи го и Сојузот на здруженија на пензионери во Република Македонија, беа во насока на линеарно зголемување на пензиите и Владата тоа го испочитува, но конечната оцена за уставноста на мерката треба да ја даде Уставниот суд, вели директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) Никола Мемов. Во интервју за Радио...

Силјановска Давкова: Дипломатскиот добротворен базар е место каде што солидарноста ги поврзува културите

Претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска учествуваше на Дипломатскиот хуманитарен базар, кој под покровителство на амбасадорот на Република Австрија, Мартин Памер се одржа во Скопје по повод Светскиот ден на детето. На настанот на претседателката ѝ беше врачена благодарницата за нејзиниот придонес. - Годинава, во раскошот на меѓународната разноликост, Дипломатскиот добротворен базар повторно беше место каде што солидарноста ги поврзува културите....

Украина и Норвешка потпишаа договор за заедничко производство на украински дронови

Украинскиот министер за одбрана Денис Шмигал и норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик потпишаа договор за заедничко производство на украински дронови, објави украинската новинска агенција Укринформ. - Украина и Норвешка заеднички ќе произведуваат украински дронови. Го потпишав соодветниот документ со норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик. Ова е важен чекор што ќе ни овозможи да ги прошириме нашите капацитети и...

Бројот на жртви во големиот пожар во станбениот комплекс во Хонгконг се зголеми на 146

Бројот на жртви од разорниот пожар што го зафати станбениот комплекс Ванг Фук Корт во Хонгконг минатата недела повторно драстично се зголеми. Локалните медиуми, повикувајќи се на податоци на полицијата, наведуваат дека досега се пронајдени телата на 146 лица, што е значително повеќе од претходно објавените 128. Спасувачите продолжуваат да ги пребаруваат опожарените станбени кули, а Шук-јин Цанг, раководител на полициската...

Криумчар превезувал седум илегални мигранти од Египет

Полицијата рано изутринава кај наплатната рампа Романовце лишила од слобода возач и седум илегални мигранти од Египет. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. Како што се посочува во информацијата од МВР, околу 2:10 часот на 30 ноември, на автопатот Скопје–Куманово, кај наплатната рампа Романовце, при вршење мото-патролна дејност од страна на полициски службеници од Мобилната единица...

Јаневска: Проблемот со „петките“ кај учениците го лоцираме кај родителите

Проблемот со „петките“ во земјата е навистина сериозен и од моето долгогодишно, веќе пет-шест години со контактите со наставниците, тој генерално се лоцира кај родителите. Токму и ова кампања е во тој правец за да им кажеме на оние родители кои инсистираат нивните деца да добиваат високи оценки без соодветно знаење дека де факто им прават голема штета прво...