Кошта по Самитот ЕУ-Западен Балкан: Европската Унија мора да ги исполни очекувањата што ги создава

Денешниот лидерски собир донесе јасна порака дека лидерите на ЕУ цврсто ја поддржуваат иднината на Западниот Балкан во Европската Унија, се наведува во писмената изјава на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта објавена по завршувањето на денешниот Самит ЕУ-Западен Балкан, на кој учествуваше и премиерот Христијан Мицкоски. - Проширувањето останува клучно за нашите заеднички цели. Тоа е вистинскиот избор од...

„Декларација од Брисел“: Проширувањето на ЕУ претставува реална можност што треба да се искористи

Руската воена агресија врз Украина и растечките геополитички предизвици ја нагласуваат потребата од сè посилни врски меѓу ЕУ и Западен Балкан, се наведува во „Декларацијата од Брисел“ усвоена на денешниот Самит ЕУ-Западен Балкан, на кој учествуваше и премиерот Христијан Мицкоски. - Ние, лидерите на Европската Унија (ЕУ) и нејзините земји членки, во консултација со нашите партнери од Западниот Балкан, денеска...

Ле Пен: ЕУ ги користи кризите како инструмент за проширување на своите овластувања

Европската Унија систематски ги користи кризите како инструмент за проширување на своите овластувања, кои никогаш не ѝ биле дадени, изјави лидерката на француската партија Национален собир, Марин Ле Пен. Таа наведе „неправедни процедури“ за цела низа прашања – од забрзаното усвојување на повеќегодишни финансиски рамки до притисоци врз земјите-членки на ЕУ за користење на замрзнатиот руски имот. Таа изрази загриженост за...

Најголемиот дел од буџетот во одбраната за 2026 година е за модернизација на Армијата, вели Мисајловски

Министерот за одбрана Владо Мисајловски вели дека модернизацијата на Армијата продолжува со максимално темпо и оти за таа намена е најголемиот дел од буџетот за одбраната за следната година којшто изнесува 358 милиони евра, за 27,7 милиони евра повеќе во однос на буџетот за годинава. - Околу модернизацијата, поминавме многу договори, сите успешно ги затвораме.  Стигнаа хаубиците, тоа е многу...

Москва ќе го земе предвид ставот на секоја земја за замрзнатите средства, му рекол Путин на Орбан

Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати предупредување до Белгија да не се согласи со плановите на Европската комисија за користење на замрзнатите руски државни активи за помош на Украина, пренесува ДПА. Пред утрешниот самит на ЕУ во Брисел, Орбан изјави дека конфискацијата на овие средства би ја изложила Белгија на сериозна опасност, бидејќи го нарушува меѓународното право и ги загрозува белгиските...

Изгласан Законот за средно полициско училиште

Собранието вечерва на продолжение на 67. седница го донесе Законот за средно полициско училиште. За законот што беше усвоен со Бадентерово мнозинство, расправата беше завршена претходно. Со него се воспоставува правна рамка за основање и функционирање на средно полициско училиште во кое ќе се образуваат идните полициски службеници. Во образложението на Законот е наведено дека се предвидува ова средно образование...

Мерц лобира за постигнување договор за замрзнатите руски средства пред клучниот самит на ЕУ

Германскиот канцелар Фридрих Мерц повторно ги повика лидерите на Европската Унија да постигнат договор за користење на руските државни средства замрзнати во Унијата за финансиска поддршка на Украина – предлог што се очекува да доминира на Самитот во Брисел подоцна оваа недела. Мерц, во обраќање пред пратениците, ја нагласи потребата да се испрати „јасен сигнал до Русија“ дека продолжувањето на...

Мицкоски од Брисел: Ние одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но не сме дел од неа поради вештачки причини

Добро е кога Западниот Балкан е во оптиката на Европската Унија и тоа е охрабрувачки и за граѓаните од регионот, затоа што на тој начин се покажува интересот за нашата заедничка иднина, изјави вечерва премиерот Христијан Мицкоски при пристигнувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел. Западниот Балкан, посочи премиерот, географски припаѓа на Европа и логично е тој да се интегрира...

Собранието изгласа повеќе закони, меѓу кои и од пакетот за „Безбеден град“

Собранието во попладневниот дел на 76. седница без расправа со по 65 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржан“ попладнево ги донесе предлог законите за измени и дополнување на Законот за извршување на санкциите, на Законот за полиција, на Законот за возила и на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, сите по скратена постапка, кои се дел...

Протест пред Бугарската народна банка против воведувањето на еврото

Група граѓани денеска се собраа на протест против воведувањето на еврото пред зградата на Бугарската народна банка (БНБ) во Софија. Организатор на собирот, кој е уредно пријавен во Градската општина, е здружението „Дојран 2025“. Демонстрантите носеа транспаренти со пораки: „Не за еврото“, „Време е да те слушнат, не за еврото“, „Што ќе ни е еврото, ако ја изгубиме Бугарија“, како...