Во Прилеп одбележани 80 години библиотека „Борка Талески”

Со пригодна свеченост, изложба на изданија од институцијата, на ретки книги, денеска ГБ „Борка Талески" од Прилеп одбележа 80 години од формирањето. Андриана Ристеска, директор на библиотеката, рече дека, институцијата е чувар на пишаниот збор, знаењето и културната меморија. -Низ осумте децении прерасна и се издигна во вистински културен храм, место каде што генерации ги направиле првите чекори кон читањето, овразованието...

Зоран Трајчевски директор на АВМУ и во наредните пет години

Зоран Трајчевски ќе ја раководи  Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) и во наредните пет години, откако доби поддршка од Советот на АВМУ за нов мандат. Прес-службата на АВМУ попладнево соопшти дека Советот на ААВМУ денеска на седница одлучил во наредниот петгодишен период Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да ја води Зоран Трајчевски, кој е на...

Избран изведувач за изградбата на 400 киловати интерконекција Битола-Елбасан, МЕПСО го рестартира проектот

Меѓународен конзорциум предводен од Далековод д.д. (DALEKOVOD d.d.) од Хрватска  е избран за најповолен понудувач на тендерот за изградба на 400-киловолтната интерконекција Битола - Елбасан (Компонента 1: ДВ од ТС Битола 2 преку ТС Охрид до македонско-албанската граница), со што Македонскиот електропреносен оператор, АД МЕПСО, ја предолжува реализацијата на проектот за којшто беше раскинат договорот со претходниот изведувач. АД МЕПСО...

Костадиновски апелира Судскиот совет и Собранието во најбрзо време да предложи и да избере уставен судија

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски на денешната годишна прес-конференција упати апели до Судскиот совет да постапи итно и во најбрзо можно време да предложи кандидат за уставен судија, до Собранието да постапи итно не одложно и во најбрзо време да предложи и да избере уставен судија и до политичарите да покажат повисоко ниво на уставно правна култура, да...

Комисијата за стручен надзор за случајот со починатото новороденче на ГАК констатираше дека реанимациската постапка е спроведена по протокол

Комисијата за стручен надзор формирана од Министерството за здравство за случајот со починатото новороденче на Клиниката за гинекологија и акушерство, констатирала дека реанимациската постапка е спроведена по протокол, информираше попладнево во соопштение Министерството за здравство. - Комисијата, по извршениот надзор и врз основа на целокупната медицинска документација, исказите на медицинскиот персонал и обдукцискиот наод, заклучи дека се работи за предвремено...

Едно од решенијата за нов клинички центар е „8 Септември“, во првиот квартал од 2026 година ќе знаеме каде ќе се инвестира

Едно од решенијата за нов клинички центар во Скопје е Градската општа болница „8 Септември“ поради тоа што има цврста градба која ги задоволува сите услови кои мора да ги задоволува една институција, инфраструктурата се поврзува со два булевари и трет момент кој е многу битен е слободниот простор за градење на нова инфраструктура, изјави денеска министерот за здравство...

Бадентерот е корисен и здрав механизам, но само во политички орган, секаде на друго место создава аномалии, вели Костадиновски

Бадентерот е многу корисен и здрав механизам за држава и општество како што е нашето, но само во политички орган како Собранието и секаде на друго место каде што ќе биде предвиден создава аномалии, смета претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски и нагласува дека ако тоа се случи во орган како Уставниот суд „граѓаните во истиот момент може да...

Русија е подготвена за територијални отстапки во Украина, но Донбас останува руски

Русија е подготвена за територијални отстапки во мировните преговори со САД и Украина, но Донбас останува руски, изјави претседателот Владимир Путин на состанокот на „Државниот совет, советодавното тело на шефот на државата, кое се занимава со прашања од најголемо значење за земјата како целина“. Според весникот „Комерсант“, Владимир Путин на тој состанок изјавил дека прашањето за Краматорск, Константиновска и Славјанск...

Алиу: Очекувам во првата половина од 2026 година да имаме смарт паркинг во кругот на Клиничкиот центар и катна гаража

Очекувам дека во првата половина од 2026 година да имаме најдобар паркинг во кругот на Клиничкиот центар, инфраструктура во државата, значи целосно смарт паркинг, исто така и катна гаража. Ќе има доволно паркинг места за вработените, пациентите и сите кои сакаат да бидат дел од таа инфраструктура во Клиничкиот центар, истакна денеска министерот за здравство Азир Алиу. Посочи дека денеска...

Гаши: Договорено е разговорите за Изборниот законик да започнат во јануари

Во втората половина на јануари треба да се одржи првата средба на претставниците на парламентарните партии и експерти за Изборниот законик. Претседателот на Собранието Африм Гаши во интервју за МИА изјави дека ова било договорено на вчерашната средба на координаторите на пратеничките групи со министерот за правда Игор Филков во Собранието. Разговаравме околу потребата за што побргу и поквалитетно носење...