Саудијците го одобрија лекот на д-р Шионг за лекување на најраширениот рак на белите дробови
Револуционерната вест прв ја објави американскиот новинар Крис Куомо - саудиската агенција за храна и лекови (СФДА) го одобри лекот Анктива (Anktiva) за лекување пациенти со рак на бели дробови. СФДА условно (што и да значи тоа условно) го одобри лекот Анктива (Anktiva) (nogapendekin alfa inbakicept) во комбинација со имунотерапија за возрасни пациенти со метастатски неситноклеточен карцином на белите...
Данска нема да учествува на Светскиот економски форум во Давос поради тензиите за Гренланд
Дански официјални претставници нема да учествуваат на овогодишниот Светски економски форум во Давос поради продлабочување на спорот околу Гренланд - објави американската агенција Блумберг.
- Можеме да потврдиме дека Владата на Данска нема да биде претставена во Давос - изјави организаторот на Форумот за Блумберг.
Од денеска до 23 јануари во швајцарскиот град Давос ќе се одржи 56-от годишен состанок на...
ФОТО: Уникатно празнување на Богојавление – Женски Водици во Битуше
Денешниот голем празник Водици-Богојавление во селото Битуше, кое се наоѓа во општината Маврово-Ростуше, се празнува на традиционален начин, како што се правело пред многу години. Во 2019 година, обичаите при празнувањето беа прогласени за културно наследство од исклучително значење.
Главни во овој обичај се жените наречени кумстарки. Тие се облечени во народни носии, постари повеќе и од сто години. Кумстарките...
Заменик министерот за образование Алиу објави дека поднел неотповиклива оставка од функцијата
Заменик министерот за образование, Лулзим Алиу денеска преку социјалните мрежи соопшти дека поднел неотповиклива оставка од функцијата. Алиу оставката ја поднел до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, а ја сподели во објава на својот фејсбук профил.
Тој посочува дека оставката доаѓа како одраз на негова лична и професионална анализа, нагласувајќи дека ценел дека во овој период е најсоодветно да го...
Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје
Дваесет и четиригодишниот Дарко Митровиќ од општина Центар го извади чесниот крст од водите на Вардар во рамки на централната манифестација за одбележување на празникот Водици во Скопје, што се одржа кај мостот „Слобода“ кај х. Холидеј ин.
Митровиќ беше најсреќниот меѓу 160 пријавени за фаќање на крстот што во водите на Вардар го положи поглаварот на Македонската православна црква...
Петар Чакаревски го фати крстот во Струга
Дваесет и четиригодишниот Петар Чакарески го извади светиот крст од водите на реката Црн Дрим во Струга. Тој беше најсреќен меѓу стотината верниции кои денеска влегоа во студените води во Струга.
Осветувањето на водите прв пат годинава го вршеше новиот митрополит на Дебарско-кичевската епархија г. Георги, а на одбележувањето на големиот христијанскиот празник Богојавление – Водици во Струга присуствуваше претседателката...
По третпат Мартин Гоџо од Варош го фати крстот во водите на Охридско Езеро
Мартин Гоџо од Варош го фати светиот крстот што денеска, на празникот Богојавление Водици, беше положен во осветените води на Охридското Езеро.
Мартин најсреќниот меѓу стотината верници кои влегоа во Охридското езеро. На свеченоста присуствуваа неколку илјади верници и туристи, а по крстот во осветените води на Охридското Езеро влегоа стотина верници.
На церемонијата присуствуваше и заменик претседателот на Владата и...
Николоски се надева дека ќе се изгласаат законите за проектот „Безбеден град“
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски се надева дека опозицијата ќе гласа за законските решенија за проектот „Безбеден град“ особено, како што вели, по ветувањето на лидерската средба. Порачува дека сите треба да учествуваат во овој проект, кој потенцира, спасува животи.
На новинарско прашање дали Собранието ќе побара од МВР најмалку три месеци одожување на проектот Николоски рече дека...
Да останеме верни на вредностите, да ја градиме државата со чесност, солидарност и грижа за заедничко добро, порача Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод празникот Богојавление – Водици, во која порачува да останеме верни на вредностите што нè држат исправени и обединети и да продолжиме да ја градиме државата со чесност, солидарност и грижа за заедничкото добро.
- Богојавление е празник на откровението, на прочистувањето и на обновата, ден кога водата, како извор на живот, нè потсетува...
Сплотени да придонесеме за среќна и пристојна сегашност и благословена и просперитетна иднина, порача Силјановска Давкова
Претседателката Гордана Силјановска Давкова упати честитка по повод празникот Богојавление – Водици, во која порачува сплотени да се обидеме да придонесеме за среќна и пристојна сегашност и благословена и просперитетна иднина.
Во честитката до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, членовите на Светиот архијерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство и до...







































