Трамп најави царини од 200 проценти за француски вина и шампањи
Претседателот на САД Доналд Трамп, изјави дека има намера да воведе царини од 200 проценти за француски вина и шампањи, како дел од пошироката закана со царини за европските земји кои се противат на неговиот план во врска со Гренланд.
На новинарско прашање за изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека нема да се приклучи на Одборот за мир, Трамп...
Стратува второто полугодие за учениците
За учениците од основното и средното образование на територијата на целата држава денеска почнува второто полугодие.
Министерката за образование и наука Весна Јаневска во објава на Фејсбук им посака успех на сите ученици во претстојното полугодие.
-Второто полугодие започнува на 20 јануари. Им посакувам успех на сите ученици, на наставниците и стручните служби во училиштата. Со помалку отсуства и голема посветеност...
Ќе имаме бројни состаноци за нови инвестиции и подобрување на економската состојба, изјави Мицкоски од Давос
Придружуван од висока владина делегација ќе учествуваме на 56 годишен состанок на Светскиот економски форум (WEF) во Давос, Швајцарија.
Следните денови ќе имаме бројни состаноци коишто очекуваме значително да влијаат на подобрување на економската состојба и привлекување на голем број на инвестиции.
Учесник ќе бидам на три панели на коишто ќе ги презентирам можностите за инвестирање во Македонија, истовремено ќе оствариме...
ЕУ нема да попушти по прашањето за Гренланд, суверенитетот не е на продажба, рече Калас
Европската унија нема да попушти пред царинските закани на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со Гренланд - изјави денеска високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас.
Таа додаде дека Унијата нема интерес да влезе во конфликт со САД, но дека има голем број инструменти за заштита на своите интереси, особено кога станува збор за Гренланд,...
Бугарскиот претседател Румен Радев најави дека утре ќе поднесе оставка
Бугарскиот претседател Румен Радев попладнево во говор објави дека ќе поднесе оставка, што поттикна широки шпекулации дека ќе формира своја политичка партија за да се кандидира на претстојните парламентарни избори, откако претходната влада „падна“ минатиот месец.
Радев, кој требаше да извршува функција до јануари 2027 година, изјави дека ќе поднесе оставка утре.
- Убеден сум дека Илијана Јотова ќе биде достоен...
Вештачката интелигенција е корисна во образованието, но може да предизвика интелектуална мрзеливост
Се повеќе докази покажуваат дека вештачката интелигенција (ВИ) во наставата може да ги подобри перформансите на учениците во решавањето специфични задачи, но во исто време не мора нужно да придонесе за нивниот напредок во процесот на учење- објави денеска Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).
Префрлањето на задачи што му служат на когнитивниот процес на вештачка интелигенција за општа...
Изгреа ново сонце над ракометна Македонија
Тактичка зрелост, тимски карактер и порака пред продолжението на ЕП
Изгреа (од)Ново Сонце(то) ова утро, во нашата Македонија. Вчера, пред многу важниот натпревар, можеби и малку резигнирано, на мојата ФБ страна, посочив дека, свесно или несвесно, јавноста, медиумите, сите ние, создаваме клима, која не кореспондира со реалноста. Ситуација која може да биде дополнителен товар за момците во Хернинг. За...
ЕУ разгледува контрамерки како одговор на заканите на Трамп за Гренланд
Земјите-членки на Европската унија разгледуваат контрамерки, како одговор на царинските закани на американскиот претседател Доналд Трамп поради претензии кон Гренланд, и покрај противењето на Данска и ЕУ - пренесе „Франс 24“.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, се закани со нови царини за европски земји кои испратија војници во Гренланд доколку територијата „не биде целосно продадена“ на САД.
- Тоа не е само...
Македонија гради модерен, инклузивен и дигитализиран систем на социјални услуги, истакна Лимани
Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани учествува на тридневна регионална конференција „Од рамка до акција: Градење посилни, поинклузивни и интегрирани социјални услуги“ во Букурешт, Романија.
Конференцијата, како што информира Министерството за социјална политика, демографија и млади, ги обедини креаторите на владини политики на европско ниво, претставниците на Светска Банка за Европа и Азија, академската фела и експертите...
Богатсвото на најбогатите луѓе во светот се зголеми за дури 81 процент од 2020 година
Вкупното глобално богатство на милијардерите е зголемено за 16 отсто лани на рекордни 18,3 трилиони долари, трипати побрзо од просечната стапка на раст во изминатите пет години - според извештајот објавен денеска од Оксфам, што традиционално се објавува на почетокот на Светскиот економски форум во Давос.
Богатсвото на најбогатите луѓе во светот се зголеми за дури 81 процент од 2020...







































