Дурмиши најави ригорозни мерки ако има девијантно однесување од трговците

Министерот за економија Бесар Дурмиши денеска најави дека доколку со следните извештаи се покаже девијантно однесување од трговците ќе следат ригорозни мерки. Министерот појасни дека кај основните производи за мај очекувано било зголемување на цената. Посочи дека од друга страна, пак, има домашни производи кои се со намалена цена. - Во март инфлацијата беше околу 2 проценти, тоа за нас е стабилна...

Пензионираните пилоти на „ер тракторите“ повторно ангажирани за гаснење пожари

В.д. директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов, потпиша договор за ангажман на двата пензионирани пилота за противпожарнита авиони „ер трактор“, Стоје Арсовски и Васко Михалчев. Со ова, како што соопштија од ДЗС, авионите ќе бидат оперативни за противпожарно дејство за гаснење на опасните пожари на отворено во државата. Од ДЗС информираа дека вториот авион се очекува за...

Мицкоски очекува буџетскиот дефицит да биде понизок од четири отсто

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски очекува буџетскиот дефицит да биде понизок од четири отсто, а веќе наредната година да биде, како што рече „во онаа рамка од 3 отсто, подолу од 3 отсто, која што требаше одамна да ја постигнеме, пред неколку години“. Тој денеска посочи дека во делот на фискалното консолидирање за жал претходната влада ја има испуштено...

Мицкоски за постигнатиот напредок за железничкиот Коридор 8: Така треба да се гради доверба, заеднички да се реализираат проекти

Премиерот Христијан Мицкоски изрази задоволство за постигнатиот напредок  меѓу Скопје и Софија за доизградбата на Коридорот 8. Посочи дека така треба соседите да градат доверба. - Што се однесува до Коридорот 8, јас се радувам и би рекол аплаудирам на постигнатиот напредок, којшто го имаа на состанокот потпретседателот на Влада и министер за транспорт, Николоски, со неговиот колега од бугарската...

Муцунски: Срамен е обидот што доаѓа од земја членка на ЕУ за редефинирање на македонскиот национален идентитет

Во Европскиот парламент има една активна пропаганда, за жал, во негативна конотација, која е подржана и од официјална Софија, за модификација, односно модернизација на македонскиот национален идентитет. Срамно е ова што се прави, срамен е овој обид што доаѓа од една земја членка на ЕУ за редефинирање на македонскиот национален идентитет кој ние имаме право да си го почитуваме...

Мицкоски: Индустриското производство во мај е зголемено за 9,4 проценти, споредбено со минатата година

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека растот од 9,4 отсто на индустриското производство во мај, споредено со мај минатата година и раст на 9 отсто на преработувачката индустрија во мај е нешто коешто навистина е многу важно за македонската економија - Да, исклучително сме задоволни, бидејќи индикаторите, посебно во вториот квартал, почнуваат конечно да покажуваат раст. Значи оној период на...

Внимавајте на горештините: Од утре температури и над 40 степени

Под влијание на топла воздушна маса од југ, од утре до средината на следната седмица, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени Целзиусови, а наместа ќе надминува 40 степени Целзиусови, информираат денеска од Управата за хидрометеоролошки работи. Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови...

Во тек транспортот на предметот „Пулс“ до Основниот Кривичен суд Скопје

Со два автомобилa и полициска придружба од Основниот суд во Кочани се врши транспортот на предметот за пожарот во диксотеката „Пулс“ во Кочани, во која животите ги загубија 62 лица, а над 200 беа повредени. Претседателот на Апелациониот суд-Штип, Тони Делев за МИА информира дека транспортот е во тек. -Од Основниот суд во Кочани заедно со сите списи и докази,...

Жена нападната од мечка на шумски пат во тетовско Синичане

Жена од тетовското село Синичане во Општина Боговиње била повредена од мечка, информираат од СВР Тетово откако за овој случај биле известени од тетовската Kлиничка болница. Станува збор за 41 годишна жена која се движела по шумски пат во место викано „Голем рид“. -На 1.7.2025 околу 18 часот во СВР Тетово од Клиничка болница Тетово е пријавено дека кај нив...

Македонско културно лето во Пустец: 20 години мост меѓу традицијата и иднината

Во Пустец, срцето на Мала Преспа во Албанија, започна јубилејното издание на Македонското културно лето — фестивал кој веќе две децении ја негува и слави македонската култура, јазик и фолклорно наследство. Оваа петдневна манифестација претставува вистински празник на уметноста и заедништвото. Годинава, програмата е збогатена со настапи на театарски трупи и музички уметници од Македонија, како и со фолклорни изведби...