Температурата ќе се качи над 40 степени
Под влијание на топла воздушна маса од југ, од денеска до средината на следната седмица, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени Целзиусови, а наместа ќе надминува 40 степени Целзиусови, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за...
Унгарската Влада ќе се бори против „планот на Зеленски“, истакна Сијарто
Владата на Унгарија ќе продолжи да се бори против планот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој ќе ја стави енергетската безбедност на Унгарија во сериозен ризик и ќе ги зголеми трошоците за сметките на домаќинствата - изјави денеска шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто.
Тој додаде дека Владата ги проценува минатонеделниот предлог за забрана за купување евтина руска нафта и...
Пожарот во Валандовско не е ставен под контрола, се шири во два крака
Пожарот во валандовско Грчиште, кој избувна вчера попладне, утринава повторно се активирал поттикнат од силниот и топол ветер и во моментот е зафатена голема површина при што пожарот е распространет во два огнени крака од кои едниот се движи кон селата Казан Дол и Фурка, а вториот кон општина Богданци, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Во...
Нетанјаху повика на целосно елиминирање на Хамас
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека целта на Израел е целосно елиминирање на милитантната палестинска група Хамас.
Ова е неговата прва јавна изјава откако американскиот претседател Доналд Трамп предложи 60-дневно примирје во Појасот Газа.
- Нема да има Хамас. Нема да има Хамастан. Нема да отстапиме. Точка - рече Нетанјаху.
Трамп вчера изјави дека Израел го прифатил американскиот предлог за прекин...
Шумски пожар на вториот крак на Халкидики – порака за евакуација на сите што се во регионот на Вурвуру
Голем шумски пожар избувна попладнево на вториот крак на Халкидики во регионот на Вурвуру, а од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до сите што се во конкретната област да се евакуираат кон Никити - јави дописничката на МИА од Атина.
Во гаснењето учествуваат 65 пожарникари со два пешадиски тима, 20 возила, волонтери, како и осум авиони и...
Во Јавното обвинителство отворена специјализирана просторија за сослушување деца – жртви на трговија со луѓе
Во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска беше свечено отворена првата специјализирана просторија за сослушување на деца – жртви и сведоци на трговија со луѓе, прилагодена според највисоките европски и меѓународни стандарди.
Како што соопштија од Јавното обвинителство, целта е создавање безбедна, поддржувачка и емпатична средина за најранливите категории – децата кои се жртви на...
Топлинските бранови и пожарите ги земаат првите жртви во јужна Европа
Две лица во Франција починаа од болести поврзани со топлината, а повеќе од 300 добија итна медицинска помош - изјави денеска француската министерка за животна средина Ањес Пание-Рунашер, додека поголемиот дел од Европа се бори со топлотен бран.
Голем дел од Франција беше погоден од екстремна топлина во вторник, при што 16 департмани, вклучувајќи го и Париз, беа во состојба...
Расправа за ребалансот на Буџетот, за власта развоен и реален, за опозицијата непродуктивен
Ребалансот на Буџетот за кој денеска почна општата расправа во Собранието, за пратениците од ВМРО-ДПМНЕ гарантира економски раст и подобрување на животниот стандерд и е порака за домаќинско управување со државните финансии, развоен, визионерски и реален. За пратениците од СДСМ, пак, ребалансот не е насочен кон продуктивен развој и е огледало на фискална неодговорност, го прикрива она што било...
Пензионерите бараат линеарно зголемување на пензиите
Пензионерите, кои пред повеќе од една година протестираа за линеарно зголемување на пензиите, денеска од Свети Николе побараа и годинава да добијат линеарно покачување на пензиите, наместо процентуално. Трајче Станојков член на Иницијативниот одбор од Општина Свети Николе вели дека актуелните мерки за усогласување на пензиите, кои се засновани на процентуално зголемување, не се доволни и не обезбедуваат фер...
Обвинителниот акт за пожарот во дискотеката „Пулс“ доставен до Основен кривичен суд Скопје
Предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“, оформен од Основното јавно обвинителство – Кочани, денеска е префрлен од Основниот суд Кочани во Основниот кривичен суд Скопје, согласно решението на Врховниот суд на РСМ, со кое се утврдува дека скопскиот суд е стварно и месно надлежен за оценка на обвинителниот акт.
Како што соопштија од Основен кривичен суд Скопје, Основниот кривичен суд...









































