Законот на Трамп за даночни намалувања и кратења на трошоците усвоен во Претставничкиот дом на САД
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го усвои предлог-законот на претседателот Доналд Трамп, кој предвидува значителни даночни намалувања и кратења на трошоците во износ од 4,5 трилиони долари (3,8 трилиони евра).
За законот гласаа 218 пратеници, додека 214 беа против. Двајца републиканци им се придружија на демократите во противењето на предлог-законот.
Трамп постави краен рок до 4 јули за Конгресот да го...
„Деца на огнот“ ја презедоа одговорноста за големите пожари во шест турски градови
Слабо позната група која се нарекува „Деца на огнот“ ја презеде одговорноста за десетици пожари во шест турски градови, јавија турски медиуми, повикувајќи се на онлајн соопштение на групата.
Групата тврди дека е поврзана со Курдската работничка партија (ПКК), која е забранета во Турција и е прогласена за терористичка организација од Турција, ЕУ и САД.
ПКК, која во мај најави крај...
Нигде не пишува до кога мора да ги направиме уставните измени, вели претседателката Силјановска
Предлогот за уставни измени со одложено дејство, експерти и многу челници на ЕУ го оцениле како извонреден. Ништо не губи никој, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова, посочувајќи дека во преговарачката рамка не пишува до кога мораме ние да ги направиме уставните измени.
Во однос на условот за уставни измени за почеток на преговори, Сиљановска Давкова вели дека никаде не пишува...
Силјановска-Давкова: Да се движиме напред врз основа на заслуги, како и секоја друга земја кандидат
Претседателката на државата Гордана Силјановска-Давкова се обратила на работниот ручек со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија во земјава, по повод завршувањето на претседавањето на Полска со Советот на ЕУ.
Како што соопшти Кабинетот на Силјановска-Давкова, обраќања имале и полскиот амбасадор Мариуш Бримора и данската амбасадорка Перниле Деилер Кардел, чијашто држава го презеде претседателството на 1 јули.
-Упатувајќи честитки за...
Семејствата на починатите во „Пулс“ бараат финансиска помош од државата и снимање на судската постапка
Здружението на граѓани „16 март 2025 – Кочани“, што го основаа семејствата на починатите во трагедијата во клубот „Пулс“, испрати допис до државните и правосудните институции во кој се наведени неколку барања.
Во дописот до премиерот Христијан Мицкоски, до претседателот на Собранието Африм Гаши и до претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, родителите бараат да им биде исплатена законската финансиска помош,...
Соработници на Ле Пен осомничени за злоупотреба на средства од Европскиот парламент
Блиски соработници на лидерката на францускиот Национален собир (РН), Марин Ле Пен се осомничени дека во периодот помеѓу 2019 и 2024 година „неправилно потрошиле“ повеќе од 4,3 милиони евра исплатени од Европскиот парламент.
Според Извештај од Одделот за финансиски прашања на Европскиот парламент, поголемиот дел од овие средства завршиле кај две компании поврзани со луѓе блиски на Ле Пен, нејзиниот...
Забрането капење и рекреација во велешкото езеро „Младост“
Центарот за јавно здравје Велес излезе со препорака за забрането капење и рекреација во велешкото езеро „Младост“.
Забраната, како што поочуваат од Центарот, ќе важи се додека стручна институција не изврши испитување и да докаже дека во водата нема цијанобактерии и не содржи цијанотоксини.
Од Општина Велес информираат дека на нивно барање Центарот за јавно здравје Велес на 13 јуни земал...
Клековски: Огромен дел од лекувањето на повредените во Кочани е покриен од страна на државата
Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски денеска изјави дека бројот на поплаки од семејствата на повредените во пожарот во Кочани е значително намален и дека огромен дел од здравствената заштита на повредените е покриена од страна на државата, а не од донации.
- Еден дел од барањата не се за лекови, туку се во однос на боледувања кои...
Имаме повеќе здравствени осигуреници од жители, а боледувањата се злоупотребуваат
Во институции од јавниот сектор има значаен број вработени кои се на боледување. Во здравството имаме клиники каде 20 проценти од вработените се на боледување, а посебен проблем имаме со боледувањата во полиција, царина и одбрана и во основа веќе физички не можеме да одговориме на сите барања за боледувања така што размислуваме како да предложеме измени за да...
Слаб род на печурката во кичевско
Собирачите на печурки и годинава останаа пократки за планираните количества вргањ, лисичарка и јајчарка и за проектираната заработка за подобрување на домашниот буџет.
Според печуркарите и откупувачите во овој регион причината за слабиот принос на печурката лежи во ниската почвена влага која не е доволна, за да може овие габи да ги има во многу поголем број.
-И овој јуни родот...









































