АХВ воведе мерки за заштита од чума кај малите преживари и за Косово
По добиената официјална потврда од Агенцијата за безбедност на храна на Република Косово за прв случај на болеста чума кај малите преживари во оваа земја, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска донесе Решение за забрана за увоз и транзит на живи домашни и диви мали преживари, семе, јајце клетки и емброни од домашни и диви мали преживари, месо...
Коцевски: Завршени вештачењата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани и за Онкологија
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека се завршени вештачењата за предметите поврзани со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани и за Онкологија. Тој ја повтори својата оценка во однос на буџетот на Јавното обвинителство изенесена во неговото обраќање на вчерашното продолжение на седницата на собрансиката Комисија за финансирање и буџет на која се расправа за ребалансот на Буџетот,...
Галичка свадба: Одржување на традицијата со нови генерации
Од 11 до 13 јули живописниот Галичник повторно ќе заживее со звукот на зурлите, тапаните и традицијата - ќе се одржи Галичка свадба, една од најавтентичните и најпрепознатливи културни манифестации во земјава. Овој уникатен настан, живо сведоштво за македонската традиција, култура и обичаи, повторно ќе го привлече вниманието на домашните и странските посетители кои сакаат да ја доживеат автентичната...
Мајстор Коста Галиманоски го создаде и првиот ражен за јaнешко печење во кичевијата
Во изминатите четири децении кичевскиот мајстор Коста Гаиманоски произведе разни изуми, но деновиве негов најнов предизвик беше изработка на ражен за јанешко печење, кој му го порача Рамазан Иљази, поранешен печалбар од село Горно Стргомишта во Италија.
- Пред да го изработам првиот ражен за јагнешко печење, направив една шема како ќе функционира мојот првенец. Вториот предизвик ми беше набавка...
Мицкоски за демографската рецесија: За четири години загубивме град со големина на Кавадарци
Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека демографската рецесија не е проблем само за Македонија, туку и предизвик за цела Европа и пошироко и нагласи дека Влада не го премолчува проблемот, туку креира политики за справување со него. Премиерот додаде дека оваа борба не е само на едно министерство туку на сите општествени чинители.
Иако Македонија е исклучок, посочи премиерот, сепак...
Сите чуки сведочат за македонскиот отпор против окупаторот: Зарем некој може да се бори сам протв себе? – Генерал Михајло Апостолски
Денеска е Ден на борецот 4 Јули. На овој ден во 1941 година на седницата на Политбиротото на КПЈ, предводена од Јосип Броз Тито, донесена е Oдлука за започнување на вооружено востание на народите од Југославија против тогашниот фашистички окупатор.
Во чест на Денот на борецот, се потсетуваме на храброста на македонскиот народ и на зборовите на генерал Михајло Апостолски,...
Виолета Стојановска и Никола Јолевски избрани за основни јавни обвинители на ОЈО Кичево и ОЈО Струга
Советот на јавни обвинители на 26. седница ги избра Виолета Стојановска за Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Кичево и Никола Јолевски за Основен јавен обвинител на ОЈО Струга.
Стојановска доаѓа од функцијата јавен обвинител во ЈО Кичево, која привремено е в.д. Основен јавен обвинител на ОЈО Кичево, додека Јолевски доаѓа од функцијата јавен обвинител во ЈО Струга, кој,...
Eнормно зголемена потрошувачката на вода, неконтролирано се полеваат бавчи и ниви, се перат возила и се полнат базени
Eнормно e зголемена потрошувачката на водата, особено во попладневните часови. Неконтролирано се полеваат бавчи и ниви, се перат возила и се полнат базени, соопшти денеска ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Претпријатието апелира граѓаните совесно и рационално да ја користат водата, а доколку забележат див приклучок, да го пријават на 02 3073 010, [email protected] или www.vodovod-skopje.com.mk.
- Конкретно, на 23 јуни...
Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија
Македонски државјанин загина, е еден е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила рано изутрината на автопатот Нови Сад - Суботица во Србија, објави РТС.
Според информациите добиени од Полициската управа на Суботица, возило „КИА“ со македонски регистарски таблички, кое се движело по автопатот кон граничниот премин Хоргош, излетало од патот на ниво кај населбата Вишњевац, помеѓу клучката Жедничка...
Кога се пие ибупрофен, а кога парацетамол
Медицински совет
Која е разликата помеѓу ибупрофен и парацетамол и кој може да ни помогне повеќе при одреден вид болка, воспаление или висока температура. Речиси секој слушнал за ибупрофен и парацетамол, но малкумина би можеле со сигурност да кажат кој лек да се земе при главоболка или забоболка, а кој за да се намали температурата.
За почеток, каква е разликата во...









































