Информацискиот систем за управување со човечки ресурси: Ќе се знае кој каде работи и колкава плата зема
Министерството за јавна администрација денеска го презентираше Информацискиот систем за управување со човечки ресурси (ИСУЧР) со кој за првпат во државата ќе има целосна и транспарентна слика за тоа кој каде е вработен, но и колкава плата добива. Очекувањата се дека на единствената дигитална платформа ИСУЧР, која е целосно во државна сопственост, до 2026 година ќе се вклучат сите...
Гаши соопшти кога ќе ги распише локалните избори
Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите најави дека локалните избори ќе ги распише во првата половина од август.
Прашан дали ќе ги распише на 8 август, Гаши нагласи дека е возможно и оти се ќе биде во рамките на предвидените рокови.
-Може да се распишат на 8 август. Се ќе биде во рамките на роковите. Изборниот законик...
Четиристотини невработени лица ќе бидат привремено ангажирани за превенција на ризиците од пожари
Четиристотини невработени лица ќе бидат привремено ангажирани за превенција на ризиците од пожари преку мерката „Јавни работи за заштита и превенција од пожари“ во рамки на Оперативниот план за вработување. За ангажманот ќе добиваат по 24 илјади денари месечно, а оние што ќе покажат добри резултати, подготвеност и посветеност, по завршувањето на оваа мерка ќе бидат трајно вработени во...
Земјава ќе биде во групата држави кои ќе имаат најповолни услови за да извезуваат на американскиот пазар, вели Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во Владата изрази уверување дека земјава ќе биде во групата држави кои ќе имаат најповолни услови за да извезуваат на американскиот пазар.
- Разговарано е со САД за можните царински олеснувања. Верувам дека ќе бидеме во групата земји кои ќе имаат најповолни услови за да извезуваат на американскиот пазар - рече Мицкоски.
САД од денеска...
Екстремни временски услови на Балканот
Балканските земји се соочуваат со екстремни временски услови, вклучувајќи високи температури, силни ветрови и невреме, што предизвикаа значителни последици во регионот, според извештаите на локалните метеоролошки служби и медиуми.
Турција се подготвува за нови топлотни бранови, при што температурите во повеќе региони, вклучувајќи ги Одрин, Баликесир, Измит, Маниса, Ајдин, Денизли, Килис, Шанлиурфа, Дијарбекир, Батман и Адијаман, се очекува да надминат...
Лишен од слобода возач во Скопје, возел под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна несреќа
Во СВР Скопје вчера околу 16 часот пријавена е сообраќајна несреќа што се случила на крстосницата меѓу булеварите „Србија“, „Трета Македонска бригада“ и „12 Македонска бригада“ во Скопје.
Во несреќата учествувале две патнички возила, „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.К. (60) од Скопје, и „Опел Антара“, исто така со скопски регистарски ознаки, управуван од Ф.К. (23) од Скопје.
Како...
Посериозен е пожарот кај Блаце каде што проблем се теренот и ветрот, вели Ангелов
Се уште е активен на неколку краци пожарот во близина на граничниот премин Блаце. Според Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), можна причина е догорче од цигара покрај самиот магистрален пат, а не е исклучено и да е подметнат.
-Бидејќи вчера бев на местото дваесетина минути по појавувањето на пожарот и од она што можев да...
Отворена истрага за шест лица за трговија со дрога
По краткотрајниот притвор и прибирање на сите неопходни докази во оваа фаза, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска и формално отвори истрага против шест лица поради основано сомневање дека вршеле продолжено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 3 во врска со став 1...
Градиме институции што работат за граѓаните, а не за привилигираните, порача Филков
По една година од формирањето на Владата, Министерството за правда презентира јасни резултати од процесот на рестартирање на правосудниот систем. Од нефункционална институција со затекнати долгови, блокирани механизми и изгубена доверба, Министерството денес се позиционира како столб на реформите и гарант на владеењето на правото, порача министерот за правда, Игор Филков на прес конференција.
Тој нагласи дека во изминатите 12...
Дракуловска: Тренд на раст на осигурителниот пазар, потребна финансиска инклузија и финансиска писменост на населението
Комисијата за финансирање и буџетирање на денешната седница го разгледа годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2024 година.
На седницата извештајот пред пратениците беше презентиран од страна на претседателката на Агенцијата за супервизија и осигурување Ели Дракуловска.
Таа истакна дека осигурителниот пазар функционира одлично е стабилен и во развој. Информира дека минатата година биле направени повеќе...









































