БРИКС ќе стане локомотива на економската светска трансформација
Вчера заврши самитот на БРИКС во Бразил, испратена порака до Западот
Вчера беше затворен самитот на БРИКС во Рио де Жанеиро, Бразил, со заедничка согласност за декларација со која земјите учеснички се обратија до јавноста и до владите во целиот свет за намерите, потенцијалот, мотивите и за мисијата на БРИКС, за времето што претстои.
Која порака ја испратија државите учеснички на...
Европарламентарци, прочитајте го романот „Пиреј“
„Опасноста, коiа угрожаат на нашиiот народ и негоите интереси от страна на пропагандите, коiи шчо употребуваат сите и дозволени и недозволени средства, за да исчистат од Македониiа нашиiот iазик и со него нашите дуовни интереси и да насадат на нивно место нивните iазици со нивни интереси, не само не задолжуат нас, но и ни даат полно прао да употребиме...
Атина никогаш не ја потпишала, а Софија никогаш не ја почитувала
Грција и Бугарија и Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства
Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства е мултилатерален договор на Советот на Европа насочен кон заштита на правата на малцинствата. Беше усвоена од Комитетот на министрите на Советот на Европа во 1994 година и стапи во сила во 1998 година. Таа е првиот правно обврзувачки мултилатерален инструмент посветен...
Европратениците ќе дебатираат по Предлог-извештајот на Вајц за земјава
Европскиот парламент ја повторува својата целосна поддршка на континуираната и доследна посветеност на Македонија за приклучување кон ЕУ и на потребните трансформативни промени што се потребни за исполнување на критериумите за пристапување, ја пофалува посветеноста на земјата на европската интеграција и ги охрабрува континуираните напори за унапредување на реформите усогласени со ЕУ и покрај предизвиците и неуспесите што го...
УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во нацрт-документот усвоен во рамки на годинашната 47. Сесија што се одржува во Париз бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни богатства во опасност.
По разгледувањето на доставената документација во нацрт-одлуката се посочува дека продолжува деградацијата на атрибутите што го поместија Охридскиот регион како заштитено наследство на УНЕСКО и...
Нормализиран сообраќајот од и кон Граничниот премин Блаце
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека вечерва е нормализиран сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце и граѓаните можат непречено да се движат во двата правци, а нормално функционира и граничниот премин Блаце.
ВИДЕО: Пожарот во Чучер Сандево надвор од контрола, според ЦУК
Пожарот кој е активен на територија на Чучер Сандево и покрај интервенциите од воздух, за жал сè уште е надвор од контрола, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
-Во текот на денешниот ден, на терен интервенираа сите расположливи сили и средства — општински служби, физички и правни лица, како и екипи од БППЗ, ДЗС, МВР и ЦУК. Сите...
Лавров: Русија е подготвена да го земе високо збогатениот ураниум од Иран и да го преработи
Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, денеска изјави дека Русија е подготвена да го земе високо збогатениот ураниум од Иран и да го преработи за употреба во нуклеарните централи, како и да посредува меѓу САД и Иран, доколку Техеран изрази таква желба.
Лавров потсети дека рускиот претседател, Владимир Путин, претходно ја нагласил подготвеноста на Русија да помогне во преработката на...
Клучни пораки од самитот на БРИКС: Осуда на нападите врз Иран и Газа, но и за Украина поради ракетните напади на Русија
Лидерите на БРИКС остро го осудија бомбардирањето на Иран извршено од САД и Израел во јуни, нарекувајќи го „флагрантно кршење на меѓународното право“, додека изразија силна поддршка за создавање палестинска држава.
Внимателно формулираната декларација, објавена во услови на ескалација на трговските тензии со САД, ги осуди агресивните економски политики без директно да го спомене американскиот претседател Доналд Трамп. Речиси сите...
Притвор за 25-годишниот возач на мотоцикл кој усмрти пешак и избега
Кривичниот совет ја преиначи одлуката на судија на претходна постапка и определи мерка притвор наместо куќен притвор на обвинетиот Ф.Љ, 25-годишниот возач на мотоцикл кој на 1 јули годинава на пешачка патека на кејот на Вардар во близина на Паркот на франкофонијата го прегази Југослав Николовски (68) и избега. Обвинетиот веќе е спроведен во Затвор Скопје - Скопје, информираше...









































