Брачна двојка од Франција на суд поради името на нивното бебе

Имињата на децата честопати предизвикуваат сериозни расправии кога родителите, сакајќи да бидат оригинални, ќе отидат предалеку со креативноста. Еден таков случај во Франција заврши на суд, бидејќи родителите сакале ќеркичката да ја крстат Лијам. Тоа име во Франција се среќава често, но кај машките деца. Името на девојчето може да доведе до забуни околу нејзиниот пол. Во интерес на детето е...

Полскиот поет Aдам Загајевски е добитник на „Златен венец“

Адам Загајевски од Полска е добитник на Златен венец на 57-те Струшки вечери на поезијата, соопшти Дирекцијата на СВП денеска на прес конфренција. - Адам Загајевски е веројатно најпознатото име во светот на поезијата од Полска заедно со она на Часлав Милош, преведуван и објавуван на повеќе јазици и во значајни литературни списанија. Светот на неговата поезија неизбежно се врзува...

„Плати со поезија“ на десет локации во Македонија

Денот на поезијата - 21 Март денеска по четврти пат ќе се одбележи со настанот „Плати со поезија“ во Скопје и во Велес. Сите што ќе напишат стих или песна може да се напијат кафе или чај во локалите што се вклучени во акцијата. Настанот се одржува во десетици земји во организација на виенскиот произведувач на кафе и чај...

Центар парите за фонтани и споменици ги пренамени за инфраструктура

На барање на општина Центар, Владата на седница синоќа ја усвои Информацијата за измена и дополнување на намената на одобрени, а неискористени средства од буџетот. Во периодот од 2007 до 2013 година како капитални дотации од буџетот на сметката на општина Центар биле префрлени 3,5 милијарди денари за изградба на фонтани, спомен обележја, летниковец, колонада, постаменти за споменици и скулптури...

Судењето за „Тенк“ продолжи со искази на сведоци

Со сослушување нови сведоци денеска во Кривичниот суд продолжи судењето за предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство, во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра. Сите обвинети присуствуваат на денешното рочиште. На претходното рочиште што се...

Би можело да има 143 милиони „климатски мигранти“ до 2050 година?

Повеќе од 140 милиони луѓе во три региони во светот можат да мигрираат до 2050 година за да ги избегнат ефектите од климатските промени, како што се намалувањето на земјоделското производство, недостатиг на вода и зголемувањето на нивото на морињата, предупреди Светската банка во објавениот извештај. Во него се наведува дека ако дотогаш ништо не се направи по ова прашање,...

Поранешниот градоначалник на Кривогаштани ја оштетил општината при набавка на гориво

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп при СВР Битола до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против Т. З. заради постоење на сомнение дека ја злоупотребил службената положба и овластување. Како што информираше на прес-конференција портпаролот на СВР Битола Сања Стаматова, екс градоначалникот на Кривогаштани, во периодот од 2013 до 2016 година , по склучен договор на општината со приватна фирма,...

Израел уништил сириски нуклеарен објект во 2007 година

Израелската армија денеска потврди дека во 2007 година нападнала и уништила таен нуклеарен реактор во соседна Сирија за време на воздушна операција. Постоеја претпоставки дека Израел стои зад воздушниот удар на непријателска територија, во регионот на Ал Кибар, но ова е првпат таа држава отворено да презеде одговорност за нападот со објавување на декласифицираните документи за случајот. -...

Светски ден на лицата со Даунов синдром

Со презентацијата на резултатите од проектот „И јас можам да бидам балерина“ денеска во Кинотека на Македонија во Скопје ќе биде одбележан 21 Март, Светскиот ден на Дауновиот синдром. Организаторите информираат дека во рамки на одбележувањето ќе има и балетски перформанс. - Изминатите неколку години организиравме голем број активности, и ја користевме секоја можност за подигнување на свеста за тоа...

Димитров: Има разлики меѓу македонската и грчката нацрт-спогодба за името

Претставник на македонското Министерство за надворешни работи денеска во попладневните часови во Атина го доставил македонскиот нацрт-договор за решавање на спорот околу името, порача на денешната прес-конференција шефот на македонскатаа дипломатија Никола Димитров. Нагласи дека на македонскиот нацрт-договор интензивно се работело изминатите денови и потврди дека македонската страна, исто така, го добила грчкиот нацрт-договор. Истакна дека постојат разлики во македонската и...