Реконструкција на Владата до крајот на април

Премиерот Зоран Заев вчера најави дека очекува до крајот на април да заврши реконструкцијата на Владата. Во однос на испразнетото министерското место за правда и дали тоа ќе остане за ДУИ, Заев рече дека преговорите за тоа прашање се во тек. - Разговараме веќе за одредени кадри. Јас почнав разговори веќе со политички партии и со пратеници во самиот Парламент. Верувам...

Коѕијас ги избрифира партиите за името, евентуален договор би се гласал со 180 пратеници

Најблиските соработници на грчкиот премиер Алексис Ципрас размислуваат евентуалниот договор за името во грчкиот Парламент да се гласа со зголемено мнозинство од 180, место досегашните 151 пратеник, што како предлог веќе се наоѓа на маса, објавија вчера грчките медиуми. Информативните портали In и Eurotoday објавија дека во кабинетот на Ципрас постои дебата за тоа договорот да пристигне во Парламентот, но...

Лавров: Надворешната политика на САД мора да биде појасна

Москва сака политиката на Вашингтон, во различни региони од светот, да биде појасна, посебно таму каде се совпаѓаат интересите на големите сили, но за тоа е потребен дијалог, што досега не е воспоставен на соодветно ниво, изјави денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. - Политиката на САД на меѓународна сцена ја гладаме како многу контроверзна. Ако се има на...

Посебен сообраќаен режим за Велигден во Центар, Ѓорче Петров и Аеродром

За Велигденските празници, односно на ден Велигден сообраќајната полиција при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром. Како што соопшти МВР, во сабота во периодот од 18,00 часот па до завршувањето на чествувањето на празникот за време на централните верски манифестации...

За велигденските празници 24 часовна здравствена заштита во дежурните ноќни пунктови на Здравствен дом Скопје

Во текот на престојните празнични денови службите на Здравствен дом Скопје ќе обезбедуваат 24 часовна здравствена заштита преку дежурните ноќни пунктови во поликлиниките Идадија, Ченто, Чаир, Ѓорче Петров, Бит пазар, Јане Сандански, Шуто Оризари, Драчево и Букурешт, информираат од  Здравствен дом Скопје.  Нагласуваат дека саботното дежурство на 7 април на сите специјалистички служби ќе се реализира во поликлиниката Букурешт од...

Јулија Скрипал: Се може да се поправи

Ќерката на двојниот шпион Сергеј Скрипал, Јулија, која заедно со него беше отруена во Солсбери, денеска првпат се огласи по инцидентот од 4 март што предизвика дипломатски потрес. Во соопштението што го пренесува британската полиција, Јулија наведува дека таа и нејзиниот татко се чувствуваат подобро. - Се разбудив минатата недела и секој ден ми се враќа силата. Благодарна сум за интересирањето...

Европската заштита на лични податоци ќе важи за сите корисници на ФБ

Новите европски правила за заштита на личните податоци, кои треба да стапат во сила на 25 мај 2018 година, ќе важат за сите корисници на Фејсбук, изјави основачот на социјалната мрежа Марк Закерберг. Новата регулатива на Европската Унија за заштита на лични податоци, позната како ГДПР, која се воведува по скандалот со „Кембриџ Аналитика“, предвидува построги правила за заштита на приватноста...

„ТНТ“ одложен за 13 април, Врховен ќе одлучува за изземање на судиите

Одбраната на обвинетите во предметот на СЈО „ТНТ“ на денешното рочиште побара изземање на судечкиот совет, претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев и в.д. претседателот на Апелацискиот суд Лидија Димчевска. По барањата одлучува Врховниот суд во рок од три дена. Претседателот на судечкиот совет Огнен Ставрев, кажа дека се уште нема одговор од Врховен суд и дека рочиштето по предметот...

Можни излевања на водотеците поради најавените поројни дождови

Можни се брзи зголемувања на водостојот на некои водотеци и локални излевања по прогнозите од синоптичарите дека во текот на попладневните часови и особено за време на ноќта се очекуваат врнежи од дожд со пороен карактер и пообилни во северните и централните делови од земјата каде локално се очекуваат и над 25 л/м 2 воден талог. Како што посочуваат од УХМР, водостоите на...

Србија и САД не се согласуваат за Косово, но дијалогот треба да продолжи

Претседателот и премиерката на Србија, Александар Вучиќ и Ана Брнабиќ денеска во Белград на одвоени средби го примија вршителот на должност заменик-помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Метју Палмер, со кого разговараа за важноста на долгорочното пријателство меѓу Србија и САД и заложбата на двете земји за понатамошно развивање на нивните билатерални односи. Како што соопштија...