Захарова: Домашните миленичиња на Скрипал беа важен доказ
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова упати прашање до британските власти зошто ги кремирале домашните миленичиња пронајдени во домот на отруениот поранешен двоен шпион Сергеј Скрипал.
Захарова на Фејсбук напиша дека двете морски прасиња и мачката во домот на Скрипал беа важни докази.
Британското Министерство за животна околина, храна и рурални прашања соопшти дека двете морски прасиња се...
Осум чаури, неиспукан куршум и безбол-палка најдени на местото на инцидентот во Мала Речица
Министерството за внатрешни работи информира дека на местото на вооружениот инцидент што вчера се случи во Мала Речица, при што е убиено едно лице, биле пронајдени осум чаури од пиштолска муниција, еден неиспукан куршум од пиштолска муниција, три зрна од куршуми и една безбол палка.
МВР наведува дека вчера 18.20 часот пријавено е пукање од огнено оружје во село Мала Речица, Тетовско....
За Светскиот ден на Ромите, пред општинската зграда нема да се вее нивното знаме
Традицијата востановена пред неколку години, за Светскиот ден на Ромите 8-ми април, на јарболот пред општинската зграда во Кичево да се вее и ромското знаме, годинава нема да се случи.
Проблемот се појавил откако претставниците на ромската заедница, вчера усно биле известени дека општината не може финансиски да го поддржи овој проект и како револт тие одлучиле ромското знаме да...
Доставена кауцијата за ослободување на Пуџдемон од притвор во Германија
Доставена е гаранција во висина од 75.000 евра за ослободување од притвор на поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон.
Суд во германската сојузна покраина Шлезвиг-Холштајн вчера донесе одлука за ослободување од притвор на поранешниот претседател на каталонската регионална влада, Пуџдемон, со кауција од 75.000 евра.
Според одлуката на Судот, 55-годишниот Пуџдемон ќе остане на слобода се до донесувањето одлука по барањето на шпанските...
Пукано кон возило во движење во Карпош
Непознато лице вчера пукало кон возило „Киа Спортаж“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Д.П, кое се движело по булеварот „Октомвриска револуција“ во Скопје.
Како што информира МВР, случајот во Полициската станица Карпош синоќа во 22 часот го пријавил Д.П.
- Непознатиот пукал од паркинг на хотел кон возилото на Д.П, по што со друго возило побегнал во непознат правец. Д.П. не бил повреден, но...
Православните христијани го празнуваат Велики петок
Велики Петок е денот на Христовите страданија, кои започнуваат уште ноќта, во Гетсиманија. Затоа гетсиманските настани ги вбројуваме во Велики Петок. Тие се случувале доцна во ноќта – по полноќ. Според европското мерење на времето – во петок.
Утрово во црквите и манастирите се служеа царските часови.
Одбележувањето на Велики петок ќе продолжи попладнево, а во сите цркви ќе се служи...
Тројца повредени во сообраќајка во Аеродром
Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 13.45 часот нa крстосницата од бул. „Јане Сандански“ и ул. „Васко Карангелевски“ во населбата Аеродром.
Несреќата се случила кога патничко возило „Пежо 106“ со скопски регистрски ознаки управувано од М.С (30) од Скопје се судрило со возило „Цитроен Ц3“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Е.С. (36) од Куманово.
Како...
Две лица физички нападнати во сендвичарница во Скопје
Четири непознати лица изутрината во 4.30 часот во сендвичарница на улицата „Никола Карев“ во Скопје физички ги нападнале Ј.Б. (33) и неговиот другар А.Н.
Како што информира МВР, случајот во полиција денеска го пријавил Ј.Б.
Додека Ј.Б. и А.Н. седеле на маса, забележале како непознатите лица сакале да крадат пијалаци од фрижидерот и ги предупредиле дека тоа не е во ред. Веднаш потоа лицата...
Две лица фрлале менија во ресторан во Скопје и не ја платиле сметката
Машко и женско лице половина час пред полноќ недолично се однесувале во ресторан во центарот на Скопје, информира МВР.
Случајот во полиција бил пријавен 40 минути по полноќ. Машкото лице фрлило две менија на земја и по пет минути заедно со женското лице го напуштиле ресторанот без да ја платат сметката.
Вработената излегла по нив со сметката и им укажала дека не...
Повреден работник во депонијата „Мегленци“
Шеесетгодишниот Р.П. од село Лопатица вработен како машинист на работна машина-багер, вчера се здобил со тешки телесни повреди извршувајќи работни задачи во депонијата „Мегленци“, сопственост на Јавното претпријатие „Комуналец“, во Битола.
МВР информира дека според пријавеното, додека Р.П. се обидувал да се качи во кабината од работната машина за да ја запре, а која во еден момент почнала да се движи...








































