Косовски министер и пратеници меѓу обвинетите во „Пронто“

Специјалното обвинителство на Косово подигна обвиненија против 11 луѓе на високи позиции меѓу кои и министер и повеќе пратеници осомничени за непочитување на рамноправниот статус на државјани и граѓани на Косово. Според обвинението, тие злоупотребиле службени позиции за да обезбедат незаконски привилегии и предности за личности кои конкурирале на различни функции. Со тоа оневозможиле и ограничиле со закон загарантирани права и...

Млади хокеари загинаа во еден од најтемните денови во канадски Саскачеван

Најмалку 14 лица загинаа во судир помеѓу камион и автобус што превезувал јуниорски хокеарски тим, вчера во близина на Тиздејл, во канадската провинција Саскачеван, пренесуваат светските медиуми. Преостанатите 14 лица кои се наоѓале во автобусот се хоспитализирани, а три од нив се во критична состојба.  Станува збор за тимот на Хамболт бронкос за кој настапуваат хокеари до 20 години, кој патувал...

Уште шестмина приведени за оружениот инцидент во Мала Речица

Полицијата вчера привела уште шест лица поврзани со оружениот инцидент во Мала Речица. Дел од нив се приведени, а некои сами и се предале на полицијата. Како што потврдија од МВР лицата се во Секторот за внатрешни работи во Тетово. Досега беа приведени четири лица и задржани во СВР Тетово за понатамошна постапка. Во оружениот инцидент што се случи во четвртокот во...

Благодатниот оган од Ерусалим првпат ќе биде донесен во Скопје

Благодатниот оган што секоја Велика сабота веќе два милениума чудесно се појавува на гробот на Исус Христос, денеска од Ерусалим преку Софија ќе пристигне и до православите верници во Македонија. Ова е прв пат МПЦ-ОА за Велигден официјално да го добие Благодатниот оган и тоа со помош на Бугарската православна црква. Митрополитот брегаланички Иларион со благослов на поглаварот на МПЦ-ОА г.г....

Макрон и Путин телефонски разговараа за Сирија

Францускиот претседател Емануел Макрон во телефонски разговор со Владимир Путин го повика рускиот претседател да го искористи своето влијание за да се стави крај на конфликтот во Сирија и да се обноват преговорите за политичка транзиција во земјата, соопшти Елисејската палата. Макрон ја истакна потребата од ставање крај на воената ескалација од последните месеци, со цел да се заштити цивилното...

За велигденските празници 24 часовна здравствена заштита во дежурните ноќни пунктови на Здравствен дом Скопје

Во текот на престојните празнични денови службите на Здравствен дом Скопје ќе обезбедуваат 24 часовна здравствена заштита преку дежурните ноќни пунктови во поликлиниките Идадија, Ченто, Чаир, Ѓорче Петров, Бит пазар, Јане Сандански, Шуто Оризари, Драчево и Букурешт, информираат од  Здравствен дом Скопје.  Нагласуваат дека саботново дежурство (7 април) на сите специјалистички служби ќе се реализира во поликлиниката Букурешт од 8:00...

САД со нови санкции против Русија

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп ги прошири санкциите против Русија и додаде 38 руски олигарси, државни директори и компании. Американското Министерството за финансии соопшти дека проширените санкции се одговор на „штетната агенда на Кремљ која се состои од малициозни онлајн кампањи и напори да се поткопа западната демократија, па се до воените дејствија во Украина и Сирија“. Списокот на санкции вклучува...

На Спилберг омилен свој филм му е Е.Т.

Американскиот режисер Стивен Спилберг создаде некои од најпознатите и највпечатливи моменти во филмската индустрија, но меѓу сите негови дела се наоѓа и едно кое му е најдраго. Станува збор за филмот Е.Т. од 1982 година, кој, според сопственото тврдење, го гледал најмногу пати досега од сите свои останати филмови. Тој истакна дека тоа е филм кој имал најголемо влијание врз него...

Портрет на Елвис Присли од Ворхол се продава за 30 милиони долари

Портрет на легендарниот американски музичар и актер Елвис Присли од њујоршкиот уметник Енди Ворхол се продава по цена од 30 милиони долари. Тоа е еднинствениот портрет изработен од Ворхол во природна големина, а може да се погледне во лондонската галерија на аукциската куќа „Кристи“ . На сликата, која е наречена „Двојниот Елвис“ (Double Elvis), е прикажан славниот музичар со револвер во...

Уметничка инсталација: Вивалди од велигденски јајца во Кавадарци

„Велигденски компромис“ е насловот на оваа инсталација на Пане Хаџи-Василев од Кавадарци, добитник на првата награда за цртеж на тема „Мода“ во Шпанија,  кој своите дела освен на изложби  ги претставува на својот профил на социјалната  мрежа Фејсбук. Инспириран од музичкото дело „Четири годишни времиња“ од  Антонио Вивалди“, особено од делот  за пролетта,  тој ја создава оваа инсталација во...