Најголема акција против организираниот криминал во историјата на Германија

Сојузната полиција утрово врши претреси во становите и борделите ширум Германија, а акцијата е насочена против банди кои од странство криумчареле луѓе и потоа ги принудувале на проституција. Полицијата досега привела преку 100 луѓе, а станува збор за најголема полициска акција против организираниот криминал во историјата на сојузната полиција. - Стотици жени и мажи биле изложени на бескрајната алчност на трговците...

Денеска во Фленсбург почнува патот кон фајналфорот

Со натпреварот вечерва, од 19 часот, Фленсбург (Германија) - Монпелје (Франција) почнува четврт-финалето во машката ракометна Лига на шампионите. Од другите двојки, в сабота е средбата Киелце (Полска) - Пари сен Жермен (Франција), а за недела се предвидени натпреварите Кил (Германија) - Вардар (Македонија) и Нант (Франција) - Скјерн (Данска). Реваншите се предвидени за идната недела, а потоа е...

Салах води во трката за „златната копачка“

Мохамед Салах од Ливерпул остана на врвот во трката за „златната копачка“ на Европа за најдобар стрелец, со 60 поени од неговите досегашни 30 гола за англискиот фудбалски премиерлигаш сезонава. По него следуваат Лионел Меси (Барселона) со 58 поени (29 гола), Роберт Левандовски (Баерн) со 54 (27) итн. Во минатата сезона наградата ја освои Меси, а од 2010 година...

Тенисерка тужи поради повреди од допинг-тестови

Медисон Бренгл (САД) ги тужи тениските ВТА и ИТФ и бара отштета поради нивната, како што вели „навредлива администрација на програмата за антидопинг“, објавија британски медиуми. Таа тврди дека иглите за тестовите предизвикале ретка медицинска состојба, од што имала физичка и емоционална штета и која е проследена со болки, оток, вкочанетост и модринки. - Тениските власти ја изложуваа на тестирања...

Прегазен велосипедист кај Хиподром

Вчера околу 8 часот на локалниот пат Скопје-населба Илинден, во близина на Хиподром, товарно моторно возило “Мерцедес“ удрило во велосипедист. Од МВР информираат дека со товарно моторно возило управувал Д.Д.(33) од Велес кој удрил во велосипед управуван од С.Ј.(71) од Скопје. Во незгодата со повреди се здобила С.Ј. која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Градската општа болница...

Роже Федерер оствари рекордни 700 недели

Најдобриот швајцарски тенисер Роже Федерер во своето трофејно резиме запиша уште еден рекорд, кој ќе биде тешко достижен во блиска иднина. Федерер, кој освои 20 гранслем-титули, стана првиот играч во историјата на АТП што поминал 700 недели помеѓу четирите најдобри тенисери во светот, односно повеќе од 13 години. Швајцарецот помина 600 недели меѓу најдобрите тројца тенисери и 500 недели...

Џез и хип-хоп уметницата Акуа Нару во Скопје

Американската пејачка Акуа Нару ќе одржи концерт на 6 мај во Скопје, во рамки на фестивалот „Прво, па женско“, кој ќе се одржува во МКЦ од 3 до 6 мај. Нејзината музика претставува комбинација на хип-хоп, џез и соул. Себеси се опишува како политичка хип-хоп уметница и активистка. Нејзиниот звук го споредуваат со flow-то на Раким, поетиката на Лорин Хил...

Технологијата во служба на законот

Полицијата во Велс, Велика Британија, искористила делумни отпечатоци од прсти од фотографија испратена на апликацијата „Ватсап“ и со тоа подготви обвиненија за криминалци поврзани со шверц на дрога. Ова е првпат да се искористи оваа технологија и тоа преку фотографија на која обвинетиот во својата рака држи ќесе со екстази и на истата таа делумно се гледа неговата рака....

ПСВ по 24-ти пат шампион на Холандија

ПСВ Ајндховен е новиот фудбалски првак на Холандија, на три кола до крајот на сезонава, во која по 31 коло собра 80 бода, 10 повеќе од Ајакс, кого го совлада во дербито со убедливи 3-0. За ПСВ ова беше трета шампионска титула во последните четири сезони, вкупно 24-та во 104-годишната клупска историја, девет помалку од рекордните 33 на Ајакс,...

Над 200 деца војници ослободени во Јужен Судан

Вооружените групи во Јужен Судан ослободија над 200 деца војници во согласност со договорот за ослободување на речиси илјада деца во следните неколку месеци, соопшти денеска УНИЦЕФ. Децата се разоружани вчера на церемонија во едно село во државата Западна Екваторија, наведува УНИЦЕФ. Тие ќе добијат психолошка помош и стручно оспособување во рамки на програмата за реинтеграција во цивилниот живот. - Ниту...