Најдобриот швајцарски тенисер Роже Федерер во своето трофејно резиме запиша уште еден рекорд, кој ќе биде тешко достижен во блиска иднина. Федерер, кој освои 20 гранслем-титули, стана првиот играч во историјата на АТП што поминал 700 недели помеѓу четирите најдобри тенисери во светот, односно повеќе од 13 години. Швајцарецот помина 600 недели меѓу најдобрите тројца тенисери и 500 недели меѓу првите двајца на АТП-листата. Моментно Федерер е на втората позиција, зад вечниот ривал, Шпанецот Рафаел Надал.