САД ја информирале Русија дека нема да и воведат нови санкции
САД ја извести Русија дека засега нема да воведува нови санкции кон Русија, изјави неуменуван извор од руското Министерство за надворешни работи.
Тој посочи дека Москва е известена преку Амбасадата на Русија во Вашингтон.
Амбасадорката на САД во Обединети нации, Ники Хејли во неделата во интервју за Си-Би-Ес изјави дека САД ќе воведат нови санкции кон руски компании, додавајќи дека...
Граѓаните најмногу гледаат вести и серии
Вестите се најатрактивната содржина за македонските граѓани на телевизија, а радиото го избираат во најголем дел за музика, покажуваат резултатите од последната анкета на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), спроведена на примерок од 2.400 во период од 10 до 20 часот.
На прашањето „Дали вчера во текот на денот гледавте телевизија?“, 71,7 процент дале потврден одговор, а...
Директори ќе викаат инспектори и за недопечени кифли
Ако забележи неправилности во однос на исхраната на учениците, директорот треба веднаш, а најдоцна во рок од три дена откако ќе забележи неправилност, да ги извести Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот санитарен и здравствен инспекторат или Државниот пазарен инспекторат
Со новите измени на Законот за основно образование, во низата новини, предвидени се и промени во однос на исхраната на...
Ерхард Бусек: Западен Балкан треба што поскоро да стане дел од ЕУ
Европската Унија треба што е можно поскоро да ги прими во членство земјите од Западен Балкан, смета поранешниот австриски вицеканцелар Ерхард Бусек.
Според него, членството на западнобалканските држави во ЕУ нема алтернатива.
- Приемот треба да се спроведе за да стане Европа компактна во светски рамки во услови на глобализација. Не можеме да си дозволиме да се откажеме од делови на...
Продолжува штрајкот на француските железничари
Вработените во француските железници денеска штрајкуваат, седми ден овој месец заради претстојната реформа на државната железничка компанија СНФЦ.
Штрајкот, што би требало да потрае до крајот на јуни, влезе во нова фаза по само еден ден откако долниот дом на парламентот го одобри предлог законот за реформа на железницата, против што се борат штрајкувачите.
- Синдикатите се слободни да прават...
Макрон: ЕУ засега да не прима нови членки
Европската Унија не треба да прима нови членки додека интеграцијата не се продлабочи и не бидат спроведени реформи, изјави вчера францускиот претседател Емануел Макрон.
Во говор во Европскиот парламент, Макрон нагласи оти сака да бидат примени државите од Западен Балкан во европскиот проект, но дека времето за нивното членство сѐ уште не е дојдено.
- Ќе поддржам проширување само кога прво...
Бегалците во Грција ќе се движат слободно на 6 острови
Наместо досегашната пракса, да бидат затворени во центрите за идентификација и регистрација, т.н. hot spots, бегалците што од сега, па натаму ќе пристигнуваат на шест грчки острови, нема да бидат под строгиот режим со ограничување на движењето и ќе можат да се движат слободно, одлучи грчкиот Уставен суд.
Станува збор за островите Лезбос, Самос, Хиос, Лерос, Родос и Кос кои...
Пократок сон за поевтина струја
Најголема потрошувачка на електрична енергија кај домаќинствата во јануари, февруари и март е забележана во периодот од 14 до 16 часот, како и од 23 и 24 часот кога струјата се наплатува по евтина тарифа
Голем дел од македонските граѓани штедат на електрична енергија, а многумина дури ги менуваат навиките за да трошат повеќе енергија кога таа се наплаќа по...
Промена на Уставот – губење на самобитноста
Доколку се продолжи по патот по кој се тргнало, со постепено бришење на сѐ што претставува македонско име, македонска историја и минато, македонска самобитност, македонски идентитет и интегритет, на крајот од процесот до влегувањето во Европската Унија ќе остане државата, но во неа ќе нема Македонци како националност. Зашто со целата заплетканост околу името не е загрозен никој друг...
Турската амбасадорка Тулин Каран го посети Кичево
Амбасадорката на Република Турција во земјава,Тулин Каран, беше во посета на Кичево. При еднодневниот престој во градот таа го посети О.У. „Санде Штерјоски“, каде наставата покрај на македонски и албански се одвива и на турски наставен јазик.
Исто така турската амбасадорка на библиотеката од ова училиште и подари 250 книги со повеќе наслови, а посети и една паралелка каде имаше...








































