На Јанкулоска ќе ѝ се суди одвоено за „Тенк“ поради ризична бременост
Поранешната министрка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска не дојде на денешното рочиште за случајот „Тенк“, за што одбраната до Судот достави лекарско оправдување, во кое е наведено дека има „ризична бременост“.
Одбраната побара да се одложи рочиштето, на што се спротивставија обвинителите од СЈО и побараа раздвојување на постапката за Јанкуловска.
Судијата Добрила Кацарска даде пауза за да одлучи по барањето...
Џафери: Сега треба да се имплементираат реформските закони
Извештајот е позитивен, безусловен со препорака за определување датум за почнување преговори за членство во ЕУ. Ова е достигнување на сите во Република Македонија, а посебно на граѓаните кои стрпливо дадоа поддршка за сите напори кои беа преземани од политичките партии, Собранието и Владата.
Ова го истакна претседателот на Парламентот Талат Џафери по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан, кој нему...
Кога сите се правиме на Тошо за јазикот
Шегата настрана, во целата ситуација повторно македонскиот јазик на сметка на некој друг јазик, полека но сигурно се маргинализира. И иако овој пат се работи за ситуација во која бизнис-интересите се ставаат во преден план, за разлика од политичките тенденции за албанскиот јазик проткаени во Законот за употреба на јазиците, сепак ваквата појава заслужува внимание бидејќи влогот на македонските...
За кражба на бакар спуштиле трансформатор од пет метри височина
За да украдат бакар, крадци демонтирале трансформатор поставен на столб висок пет метри во месноста Врбенски манастир близу детското одморалиште Бунец во Мавровскиот регион, соопшти денес СВР Тетово. Кражбата ја пријавил 57-годишен вработен во јавната установа Илиден која стопанисува со одморалиштето и чија сопственост бил трансформаторот.
- Кражбата се случила во периодот помеѓу 12 и 17 овој месец. Засега непознати...
Се гради параклис за тетовската црква „Света Богородица“
Тетовската црква „Света Богородица“ добива параклис. Објектот е изграден со помош на донации на верници, а се реализира по првична идеја за помошен објект за палење свеќи.
- Црковниот одбор, по добиените препораки од ликовни експерти, дека горењето на свеќите во внатрешноста на црквата не е добро за фреските, минатата година реши да започне со градење помошен објект. Со благослов...
Нетранспарентноста ги поскапува и ги забавува инфраструктурните проекти
Инфраструктурните проекти нема да се одолжуваат и за нив ќе нема дополнителни трошоци доколку при одлучувањето навреме се вклучи јавноста, порачаа учесниците на регионалната конференција „Јавна инфраструктура во Југоисточна Европа - во чиј интерес“, на која беа претставени примери на инфраструктурни проекти во државите од регионот без транспарентни постапки.
Соња Ристеска, еден од авторите на студијата за инфраструктура во ЈИЕ...
Патување околу светот за девет евра
Португалската туристичка агенција „Ворлд лајф експириенс“ нуди можност да го пропатувате светот, а згора на се`, и да добиете пари за тоа.
Компанијата е во потрага по 11-мина кои целата наредна 2019 година ќе ја минат патувајќи околу светот. Се` што треба заинтересираните да направат, е да пополнат пријава, којашто чини девет евра, и да чекаат да бидат избрани. Рокот...
Инспекторите на ОЗХО ја одложија посетата на Дума
Инспектори на Организацијата за забрана на хемиско оружје(ОЗХО) ја одложија посета на сирискиот град Дума откако тим на ОН јави дека на таа локација има престрелки, изјави извор близок до тимот.
Иако деталите за престрелката се нејасни, посетата на инспекторите е одложена.
Претходно, беше најавено дека експерти од ОЗХО ќе пристигнат во Дума за да извршат анализи по наводниот напад со...
Сахарски песок им донесе повеќе работа на автомијачниците
Една природна појава што во последните неколку години се случува во повеќе наврати беше забележана и во текот на изминативе денови, кога ветровите од повисоките слоеви на атмосферата во нашето поднебје ги донесоа сахарскиот ситен песок и железните оксиди, кои паѓаат на земјата како прав или споени со водените капки, како каллив дожд.
Познавачите на оваа појава посочуваат дека ова...
Спасовски: Приведен Фејзи Азири, се трага по Демири и Исмаиловиќ
Случајот со апсењето на Фејзи Азири еден од обвинетите во „Монструм“ е целосно расчистен и тоа воопшто не е задоцнето, смета министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
- Апсењето на Фејхи Азири не беше воопшто доцна. Во моментот кога е пронајдено лицето, стражарно е обезбедено на Клиниката за пулмологија. Ние во истиот момент не можеме практично да ги информираме сите...








































