Гејтс: Над 30 милиони луѓе ќе починат за шест месеци од смртоносна епидемија

Основачот на компанијата Мајкрософт, милијардерот Бил Гејтс смета дека државите треба да се подготват за пандемија, која и претстои на светот, и тоа на ист начин како што би се подготвувале за војна. Тој верува дека смртоносната епидемија ќе ја погоди планетата во текот на следните десет години, а болеста ќе убие повеќе од 30 милиони луѓе за најмногу шест...

Асад: Агресијата на Западот само ја зајакнува одлучноста на Сирија

Сирискиот претседател Башар ал Асад денеска изјави дека „агресивните потези“ на поединечни западни држави против неговата земја само ќе ја засилат одлучноста на Сирија да го одбрани својот суверенитет. - Неодамнешните напади само ќе ја засилат одлучноста на Сиријците да го бранат својот национален суверенитет и право сами да одлучуваат за својата иднина, посочи Асад по средбата со шефот на...

Во Белград ќе се градат 54 фонтани и ќе се подигнуваат споменици

Во следните неколку години во Белград ќе бидат изградени 54 фонтани и секоја од нив ќе претставува мало уметничко дело, изјави денеска менаџерот на градот Белград, Горан Весиќ. - Фонтаните ќе имаат неправилен облик и ќе бидат поставени во парковите, на платоа, на плоштади, крстосници... Некои ќе бидат мали, а некои ќе чинат 10.000, 20.000 евра. Но ниту една нема...

Димитров се сретна со парламентарна делегација од Виетнам

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска имаше средба со потпретседателот на 14-то Национално Собрание, Уонг Чу Луу, во чиј состав се пратеници и претставници на региони во земјата. Како што се наведува во соопштението од МНР, Димитров го истакна значењето и вниманието кое Владата на Република Македонија го посветува на односите со државите од Азија, меѓу кои и Виетнам. -...

Интерпол: Ослободени 350 лица од криумчарите на луѓе

Интерпол денеска соопшти дека во координирана полициска операција во 13 држави ослободени се речиси 350 лица од криумчарите на луѓе, а ширум Кариби и Јужна Америка уапсени се 22 лица. - Меѓу спасените има и деца и возрасни кои работеле во ноќни клубови, во рудници за злато, фабрики, пазари на отворено и фарми. Некои од нив биле принудени да работата...

Путин – Макрон: Да се зачува Договорот за иранската нуклеарна програма

Рускиот и францускиот претседател Владимир Путин и Емануел Макрон во денешниот телефонски разговор се согласија дека во целост треба да биде зачуван и стриктно имплементиран Договорот за иранската нуклеарна програма, соопшти Кремљ. Во соопштението се посочува дека телефонскиот разговор бил на иницијатива на Макрон. Францускиот претседател вчера имаше телфонски разговори со британската премиерка тереза Меј и германската канцеларка Ангела Меркел при...

Изгаснат пожарот на градската депонија во Кочани

Изгаснат е огнот што викендов ја зафати градската депонија на Кочани, лоцирана на околу три километри на патот кон Пониква. Екипи од Територијалната противпожарна единица и од комуналното претпријатие „Водовод“ употребиле поголеми количини земја за да го задушат огнот за кој има основани сомневања дека бил подметнат. - Забележано е дека пожарот го предизвикале лица кои собираат отпадни метали и...

Шестмина приведени поради тепачка во кабаре во Охрид

Полицијата синоќа привела шест лица кои предизвикале тепачка во кабаре во Охрид. Инцидентот се случил околу два часот по полноќ во кабаре лоцирано на улицата „Железничка“ во Охрид. На тепачката и претходела вербална расправија што потоа преминала во физичка пресметка во која учествувале И.Ј.(34) од Охрид од една и И.М.(31) од селото Белчишта, Н.М. од село Лешани, Б.Л.( 27) од...

Дачиќ: Ако Хрватска сака дипломатска војна, ќе има дипломатска војна

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека политиката на Србија кон Хрватска во иднина ќе биде заснована на принципот на реципроцитет и дека Белград ќе возврати со иста мерка доколку Загреб одлучи да го повлече својот амбасадор. - Се надевам дека разумот ќе надвладее и дека ќе продолжиме по патот на добрососедските односи, како што имаат зацртано претседателите...

Бензините и дизелот поскапуваат за два денара

Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98, како и на Еуродизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за два денара по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Според РКЕ, малопродажната цена на  Еуросупер 95 ќе биде  70 денари, на  Еуросупер 98  71,50, на  Еуродизелот 62, а на Екстра лесното масло за домаќинство 50,50 денари за литар. Се зголемува...