Притвор за тетовец осомничен за посредување при вршење проституција

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 48-годишник осомничен за кривично дело – Посредување при вршење проституција од член 191 став 2 од Кривичниот законик. Како што соопшти ЈОРСМ, осомничениот делото го вршел во неколку наврати во последните два месеци, обезбедувајќи клиенти за 23-годишна косовска државјанка сместена во неговиот мотел. Таа сексуалните услуги ги наплаќала, а поголемиот дел од заработката...

Алиу најави воведување ново софтверско решение за полесна комуникацијата и движењето на пациентите низ здравствениот систем

Министерот за здравство, Азир Алиу најави воведување ново софтверско решение кое ќе ја олесни комуникацијата и движењето на пациентот низ здравствениот систем. -Апликацијата ќе овозможи пациентот во секое време да внесе здравствени индикатори, врз основа на кои матичниот лекар или специјалист ќе може веднаш да реагира – со менување на терапијата или давање препораки за натамошно лекување. Ако системот детектира...

Ако Западот навистина сакаше мир, немаше да и испорачува оружје на Украина, истакна Захарова

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Западот и НАТО навистина да сакаа војната да заврши, тие немаше да и испорачуваат оружје на Украина. - Ако Западот сакаше мир во Украина, веројатно ќе престанеше да им испорачува оружје, веројатно ќе престанеше да спонзорира терористички акти, веројатно ќе се погрижеше режимот во Киев да не спроведува и...

Во Турција измерени рекордни 50,5 степени – највисока температура во Европа досега

Во округот Ширнак, југоисточна Турција, денеска се измерени 50,5 Целзиусови степени, што е највисока температура регистрирана досега на европскиот континент - јави турското издание „Туркије тудеј“, повикувајќи се на податоци од Турската државна метеоролошка служба. Температурата е измерена во областа Силопи и го надминува претходниот рекорд од 48,8 степени, поставен во Сицилија, Италија, во август 2021 година. Светската метеоролошка организација...

Лишени од слобода 12 лица во Гевгелиско, кај нив пронајдена дрога

Полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија синоќа во периодот од 22 до 03 часот на локален пат од село Миравци кон место викано „Бел Рај“, Гевгелиско ги лишиле од слобода Б.Ј.(25), С.Н., М.К.(31), Н.М.(20), А.И.(24), Ф.П.(22) и Д.Б.(34) сите од Скопје, Г.А.(21) и Т.Ј.(38) и двајцата од Кавадарци, К.П.(21) од Неготино, П.З.(38) од Радовиш и Е.Ј.(22) од Берово. Како што...

Ноќеска активни десет пожари, 16 се изгаснати

Вкупно 29 пожари имало на отворен простор до 7 часот изутринава, од кои десет биле активни, три се ставени под контрола, а 16 се изгаснати. За најновата состојба со пожарите во Македонија, официјални информации од Дирекцијата за заштита и спасување најавија информации за околу 14 часот. Десетте активни пожари се во: Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, планина...

Мицкоски: Скопје денес е симбол на истрајноста и солидарноста

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека земјотресот, што пред 62 години го погоди Скопје е потсетник дека животот може да се промени за миг, но и дека во најтешките моменти токму солидарноста, човечноста и заедништвото се најважни за обновата. - Земјотресот не потсети дека животот може да се промени за миг. Но и дека во најтешките моменти, токму солидарноста, човечноста...

Како да ги обновите врвовите на косата без да ја кратите

Нега и убавина Летната сончева светлина, морската сол и хлорот во базенот можат да ја направат сува и кршлива дури и најнегуваната коса. Ако вашите врвови изгледаат безживотно и не сакате да ги скратите – фризер од јужна Франција открива мал трик за моментално подобрување на изгледот на вашата коса. - Дали навистина мора да се потстрижувате по морето? Не веднаш! Ако...

Сушата во Шпанија откри камени остатоци постари од пирамидите

Необичната суша што ја погоди јужна Шпанија летово донесе на виделина извонредно археолошко откритие - мегалитски споменик стар околу 7.000 години се појави од длабочините на заборавот во близината на покраината Хуелва, скриен под вода и тиња. Климатските екстреми, кои често носат уништување, овој пат дозволија дел од минатото да ја види светлината на денот, менувајќи го нашето разбирање...

„Денови на независната продукција“ во Драмскиот театар

Драмскиот театар во Скопје отворањето на новата театарска сезона ќе го започне со проектот „Денови на независната продукција“. Со овој проект Драмскиот театар ја продолжува традицијата на поддршка на уметниците од независната сцена. Преку јавен повик театарот ги повикува уметниците да аплицираат за термин за изведба на претстава во продукција на независната сцена. Јавниот повик е отворен до 1...