„Амадеус“ – претстава што ги отвори прашањата за генијалноста и просечноста

Драмскиот репертоар на фестивалот „Охридско лето“ ja донесе премиерата на театарската претстава „Амадеус“ од Петар Шефер, во режија на Андреј Цветановски, а во изведба на Турскиот театар - Скопје. Селпин Ќерим, Јеткин Сезаир, Слаѓана Вујошевиќ, Аксел Мехмет, Џенап Самет, Бурханедин Ибрахим, Емине Халил, Озан Илдриз и Игбал Саидова на сцената во центарот за култура „Григор Прличев“ покажаа врвна актерска игра,...

Во тек е конкурс за наградата „Горан Стефановски“

Драмскиот театар - Скопје потсетува дека е во тек конкурс за наградата „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од млад македонски автор. На веб-страницата на НУ Драмски театар - Скопје е објавен годинашниот Конкурс за наградата „Горан Стефановски“ за најуспешен драмски текст од млад македонски автор на возраст до 30 години. Конкурсот ќе биде отворен до 28 февруари 2026 година. Во...

Витолиште е едно од најстарите и најголеми села во Мариово

Витолиште е сместено во подножјето под источната падина на планината Козјак, од десната страна на Црна Река во пределот познат како Старо Мариово. Веднаш југоисточно над селото се издигнува густа мешана шума со особена застапеност на квалитетен црн бор, над која се издигнува познатиот превој Трибор (1.442 м н.в.) преку кој води патот кон тиквешкиот дел на Мариово, како...

„Рибарски караници“ на Битолскиот театар на езеро во Ротино

Под ѕвездите на Пелистер, крај езерото на Ротино, се сретнаа љубовта, смеата и јазикот на Карло Голдони во прекрасната комедија „Рибарски караници“, која од 22 септември ќе биде изведена на сцената на Битолскиот театар. Премиерата на оваа претстава беше во саботата на Ротинското езеро, во еден поинаков амбиент, од оној вообичаениот и за актерите и екипата која ја реализираше, но...

Дваесетти „Астерфест“ под мотото „Филмски крстопати“

Струмица Јубилејното 20. издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ ќе се одржи во Струмица, од 4 до 8 август, под мотото „Филмски крстопати“, со разновидна и интересна програмска селекција. Физиономијата на „Астерфест“ останува посветена на авторскиот филм, со прикажување врвни и квалитетни филмови од различни жанрови и должини. Оваа година лауреат на престижната награда „Астер“ за највисоки достигнувања во светскиот и македонскиот...

Кој е Горни Дебар и кои автори пишувале за Дебар

Според преданието, градот Дебар се наоѓал кај денешното село Граждани - денес во Албанија, а потоа се преместил и се прилепил до старото село Раовник (Орехово), а пак друго предание вели дека селото Коџаџик „пред доаѓањето на Турците и долго време потоа се викало Оровник“. Менувањето на положбата на имињата на градовите била многу честа појава во историјата. Името...

Осум милиони евра за проекти

Прилеп Општина Прилеп доби осум милиони евра за реализација на капитални проекти од витално значење за граѓаните, кои се реализираат преку повикот на Министерството за локална самоуправа. - Ова е нова развојна фаза за нашиот град. Ќе се врши реконструкција на дел од плоштадот „Методија Андонов–Ченто“, ќе се градат улици, ќе има реконструкција на улици со електроинсталации, ќе се градат нови...

Претседателката Силјановска-Давкова, по покана од градоначалникот Касами, на манифестација во Тетово

Тетово Претседателката Гордана Силјановска-Давкова деновиве, по покана од градоначалникот Биљал Касами, го посети Тетово и заедно со Касами на плоштадот присуствуваше на Македонската музичка вечер во рамките на манифестацијата „Тетовско културно лето“. Посетата на претседателката во град со традиционална етничка шареноликост може да се гледа како симбол на соживот и, секако, оди во правец на унапредување на внатрешните меѓуетнички односи и...

Здрава исхрана во летниот период

Здраво и безбедно на високите температури: Летен серијал во „Нова Македонија“ На страниците на „Нова Македонија“ објавуваме ексклузивна летна рубрика посветена на здравјето и безбедноста во најжешкиот период од годината. Преку совети од лекари и стручни лица, читателите ќе добијат практични информации за заштита од високи температури, правилна хидратација, избор на здрава и безбедна исхрана, безбедност при патувања и...

Повисоките плати во странство, фактор за значаен одлив на сезонските работници

Повод: Нагласена сезонска појава на недостиг од работен кадар во Македонија Недостигот од работници се чувствува во голем дел од секторите, особено оние што имаат зголемен обем на работа во летните месеци, меѓу кои секако се угостителите, но и во активностите поврзани со земјоделските дејности Од агенција што посредува за работа во Хрватска и во Словенија укажуваат дека нашите...