Славески: Трите најголеми банки најавија намалување на надоместоците за платни услуги
Гувернерот на Народната банка Трајко Славески најавува дека трите најголеми банки во земјава наскоро ќе објават нови тарифници со намалени надоместоци за платните услуги. Тој во интервју за емисијата „Трилинг“ изразува очекување дека овој пример ќе го следат и останатите банки.
Ова следува по дијалогот што Народната банка го водеше со банкарскиот сектор за унапредување на пристапот на граѓаните до...
Промоција на монографијата „Златните години на КК Рибар“ од Милчо Јованоски
Во рамките на културно-забавното лето „На зајдисонце“ во Трпејца беше промовирана монографијата „Златните години на КК Рибар“ од новинарот и публицист Милчо Јованоски. Оваа книга е посветена на времето кога името на клубот Рибар со гордост се изговараше на спортските настани, кога младите трпејчани со весла во рацете ги освојуваа езерските хоризонти и кога тимскиот дух, упорноста и љубовта...
„Балканско патување“ на Пламенка Трајковска дел од Велешкото културно лето
Проектот претставува спој на високо изведувачко ниво и културна мисија – да се зачува и пренесе балканската музичка традиција преку современ камерно-музички пристап
Во рамките на Велешкото културно лето, љубителите на класичната и етномузиката имаа ретка можност да уживаат во концертот „Балканско патување“ – уникатен проект на „Пламенка Трајковска гудачкиот квартет“. Концертот се одржа во паркот на ООУ,,Васил Главинов“. На...
Мицкоски: Во завршна фаза е анализата за инфлацијата, многу скоро ќе има мерки
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите рече дека во завршна фаза е анализата за базичната инфлација и дека многу скоро Владата ќе излезе со мерки за зголемувањето на цените на прехранбените производи. За ова очекува да се разговара и на Економско-социјалниот совет којшто, како што рече, треба да одржи седница затоа што е завршена постапката со репрезентативноста.
Коментирајќи...
Познатата виолончелистка Aна Руцнер за првпат во Македонија
Хрватската виолончелистка со светско реноме, Ана Руцнер, ќе настапи за првпат во Македонија како специјална гостинка на спектакуларниот концерт на Битолскиот камерен оркестар „IWConnect Flowers Symphony“, кој ќе се одржи на 30 јули во античкиот локалитет Хераклеjа, Битола.
Ана Руцнер е уметница со повеќе од 1.000 настапи во над 30 земји низ светот. Добитничка е на над 30 домашни и...
Објавена „Автобиографија“ од Марко Цепенков
Одбележување 105 години од упокојувањето на Марко Цепенков
Книгоиздателството „Панили“ ја одбележува 105-годишнината од упокојувањето на најпознатиот македонски собирач на народни умотворби Марко Цепенков. „Панили“ ја објави неговата „Автобиографија“ напишана во 1896 година – издание со кое делото на Цепенков се доближува до новите генерации на XXI век.
- Од сите собирачи на македонското народно творештво, Марко Цепенков има најдолга запишувачка...
„Амадеус“ – претстава што ги отвори прашањата за генијалноста и просечноста
Драмскиот репертоар на фестивалот „Охридско лето“ ja донесе премиерата на театарската претстава „Амадеус“ од Петар Шефер, во режија на Андреј Цветановски, а во изведба на Турскиот театар - Скопје.
Селпин Ќерим, Јеткин Сезаир, Слаѓана Вујошевиќ, Аксел Мехмет, Џенап Самет, Бурханедин Ибрахим, Емине Халил, Озан Илдриз и Игбал Саидова на сцената во центарот за култура „Григор Прличев“ покажаа врвна актерска игра,...
Во тек е конкурс за наградата „Горан Стефановски“
Драмскиот театар - Скопје потсетува дека е во тек конкурс за наградата „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од млад македонски автор.
На веб-страницата на НУ Драмски театар - Скопје е објавен годинашниот Конкурс за наградата „Горан Стефановски“ за најуспешен драмски текст од млад македонски автор на возраст до 30 години. Конкурсот ќе биде отворен до 28 февруари 2026 година.
Во...
Витолиште е едно од најстарите и најголеми села во Мариово
Витолиште е сместено во подножјето под источната падина на планината Козјак, од десната страна на Црна Река во пределот познат како Старо Мариово. Веднаш југоисточно над селото се издигнува густа мешана шума со особена застапеност на квалитетен црн бор, над која се издигнува познатиот превој Трибор (1.442 м н.в.) преку кој води патот кон тиквешкиот дел на Мариово, како...
„Рибарски караници“ на Битолскиот театар на езеро во Ротино
Под ѕвездите на Пелистер, крај езерото на Ротино, се сретнаа љубовта, смеата и јазикот на Карло Голдони во прекрасната комедија „Рибарски караници“, која од 22 септември ќе биде изведена на сцената на Битолскиот театар.
Премиерата на оваа претстава беше во саботата на Ротинското езеро, во еден поинаков амбиент, од оној вообичаениот и за актерите и екипата која ја реализираше, но...









































