Чешкиот хеликоптер и словенечките пожарникари ќе гаснат на Готен, кажа Ангелов

Во текот на денешниот ден на територијата на државата има вкупно 15 пожари на отворен простор од кои четири се активни, четири се ставени под контрола, а седум се целосно изгаснати. Се уште најголем проблем ни задава пожарот на планината Готен кој има два крака едниот кон радовишката страна, а вториот кон беровската страна во чие гаснење вечерва ќе...

Поништен тендерот за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен превоз

Министерството за транспорт го поништи тендерот за избор на понудувач за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен превоз и станици за полнење, откако надлежната Комисија утврдила дека единствената пријавена компанија не ги исполнува условите од објавениот повик. Прес-службата на Министерството за транспорт најави дека во следниот период ќе се направат дополнителни анализи околу набавката на електрични еколошки автобуси...

Собранието ја изгласа интерпелацијата за работата на Љупчо Коцевски

Собранието денеска со 71 гласа „за“ и без ниту еден „против“ и „воздржан“ ја прифати интерпелацијата за работата на Републичкиот Јавен обвинител Љупчо Коцевски, поднесена од Левица. Собранието изгласа и заклучок - Собранието констатира дека наводите во интерпелацијата за работата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски се основани. Овој заклучок да се достави до Владата и до државниот јавен обвинител. Во...

Во тек е административна селекција на пријавените кандидати за пожарникари, истакна Ангелов

Во тек е административна селекција на пријавените кандидати за идни пожарникари, а наскоро ќе почнат и обуките - изјави на прес - конференција Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Ангелов потврди дека новоизбраните пожарникари нема да бидат ангажирани на поголеми и поризични пожари. -Јавниот повик за прием на млади пожарникари ќе помогне во борбата со пожарите. Денеска...

Во Куманово хоспитализирано десетмесечно бебе поради труење со лекови

Десетмесечно бебе вчера било донесено во Општата болница Куманово со симптоми на труење со лекови - потврдија од СВР Куманово. - Вчера во 11.40 часот во СВР Куманово, од Општата болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено десетмесечно бебе од Куманово, кое било затруено со лекови. Извршен бил службен разговор со лекарот и родителите и за настанот бил...

Меџити најави пошумување на сите опожарени региони

Министерот за животна средина и прв вицепремиер Изет Меџити уверува дека ќе има пошумување секада каде што ќе биде потребно по пожарите кои изминатиот период зафатија големи површини со шума. - Работиме превентивно и стратешки во тој дел. Исто така, со сите напори без разлика чии ингеренции се во моментов заеднички настапуваме за да се изгаснат пожарите, а потоа ве...

Разбиена меѓународна хакерска мрежа, украдени 500 милиони долари од 184 жртви

Меѓународните истражители ја разбија мрежата на криминална група која стои зад речиси двесте напади на интернет. Властите ги идентификуваа и ги исклучија серверите на групата Блексуит/Ројал (Blacksuit/Royal) - објави полицијата во германската покраина Долна Саксонија. Исклучувањето на серверите ги наруши операциите на групата, вклучително и дистрибуцијата на малициозен софтвер, интерните комуникации и нејзината веб-страница. Властите пријавуваат 184 жртви низ целиот свет, со...

Благодарение на врнежите, изгаснат е пожарот кај село Големо Црско

Она што најмногу го посакуваа припадниците на ТППЕ Кичево и локалните жители ноќеска се оствари, па благодарение на врнежите од дожд, изгаснат е пожарот кој во неделата избувна во атарот на село Големо Црско и со голема брзина се доближуваше до селските куќи. -Дождот кој најмногу го посакувавме во овие три дена конечно заврна и во голема мера помогна да...

Од утре попладне до четврток нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето утре во попладневните часови, во текот на ноќта кон четврток и во четврток наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер - соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринската температура утре ќе се движи од 8 до 20 степени, а дневната од 22...

Обвинетиот за нападот на градоначалничката Арсовска не се чувствува виновен

На денешната главна расправа пред Основниот кривичен суд во Скопје, обвинетиот Сулејман Јамалари изјави дека не се чувствува виновен за нападот врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Сулејман Јамалари, поранешен вработен во ЈП „Паркови и зеленило“, е обвинет дека извршил грубо насилство врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Инцидентот се случил на 11 јули 2025, кога Арсовска била на...