Прекрасен концерт на виолинистот Имеров и пијанистот Папиан
Репертоарот на класична музика на „Охридско лето“ вчеравечер продолжи со концерт на македонскиот виолинист Емир Имеров и израелскиот пијанист Ваг Папиан.
Извонредните музичари ноќта ја започнаа со „Скерцо“ од Јоханес Брамс, а ја продолжија со композицијата „Фантазија во C-dur D934“ од Франц Шуберт. Репертоарот беше заокружен со прекрасна изведба на Бетовеновата „Соната бр.9 A-dur оп.47 „Кројцер“.
Емир Имеров е роден во...
Натпревари во пливање, ватерполо, кајак, такла на фестивалот „Илинден 2025“
Традиционалниот спортски фестивал „Илинден 2025“ по четврти пат ќе се одржи во Струга на 2 август, во организација на спортско-рекреативниот клуб „Соларис“.
Во рамките на своите можности силите ќе ги одмерат голем број натпреварувачи.
Ќе можат да се проследат ватерполо турнир во соработка со Ватерполо федерацијата на Македонија, пливачките трки, кајак регатата, трките во СУП и за крај на радост на...
Со „Комитското“ отворени 55. „Илинденски денови“ во Битола
На платото пред Офицерскиот дом во Битола започна 55. издание на фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“, на кое, како и секоја година, му претходеше дефилето на фолклорни групи и друштва од државата и светот низ Широк сокак во Битола. Овој фестивал, формиран пред повеќе од половина век како културно ехо на манифестот од 1903 година, како...
Кој е Горни Дебар и кои автори пишувале за Дебар (2)
Според преданието, градот Дебар се наоѓал кај денешното село Граждани - денес во Албанија, а потоа се преместил и се прилепил до старото село Раовник (Орехово), а пак друго предание вели дека селото Коџаџик „пред доаѓањето на Турците и долго време потоа се викало Оровник“. Менувањето на положбата на имињата на градовите било многу честа појава во историјата. Името...
Театарот го менува светот
ОД 3 ДО 7 АВГУСТ 14. ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ДЕТСКИ ФЕСТИВАЛ „БИТОЛИНО“
Под мотото „Театарот го менува светот“ од 3 до 7 август во НУ Центар за култура во Битола ќе се одржи 14. издание на интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“.
Во традиционалниот термин на две сцени во Центарот за култура ќе се одиграат десет претстави. А покрај официјалната натпреварувачка програма, фестивалот годинава...
Мотото „Да го разбиеме хепатитисот“ – да го направиме стварност!
Македонија спаѓа во земјите со интермедијарно ХБсАг носителство, што значи дека од два до седум отсто од нашата популација може да се хронично инфицирани со вирусот на хепатитис Б, вели по повод Светскиот ден на борба против хепатитисот (28 јули) Марија Димзова, професорка на Катедрата за инфективни болести на Медицинскиот факултет во Скопје и раководителка на Одделот за фебрилен...
Погачар е на една титула до рекордерите на Тур де Франс
Тој сега има четири трофеи на Тур, а вкупно пет на грантур-трките
ВЕЛОСИПЕДИЗАМ
Тадеј Погачар од Словенија со триумфот во неделата на Тур де Франс се изедначи со британскиот велосипедист Крис Фрум според бројот на титули на таа грантур-трка, а пред нив со по еден триумф повеќе се Французите Жак Анкетил и Бернар Ино, Белгиецот Еди Меркс и Шпанецот Мигел Индураин....
Англија повторно е првак, Вигман ја продолжи трофејната низа
Англија ја одбрани титулата, а Вигман сега има три континентални трофеи по ред и стигна до финалето на сите пет големи натпреварувања (ЕП и СП) на кои учествуваше како селекторка
ФУДБАЛ - ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО
Да се стигне до финалето на еден голем турнир е посебно. Да се стигне до финалето на сите пет големи турнири на кои сте биле селектор е...
Раскажете ни ги летните доживувања со збор и цртеж!
ПОВИК ЗА СОРАБОТКА ОД „КОЛИБРИ“
Драги деца, во најлетниот месец јули, како вие го минувате летниот распуст? Дали веќе се одморивте од училишните обврски и дали почнавте по малку и да ги читате лектирите? Еве, ние ви предлагаме да ни испраќате песни, цртежи, раскази и репортажи од вашите летни доживувања и авантури сѐ до крајот на летото. А ние ќе...
ЕУ го доби тоа што го посакуваше, но по која цена?
Договорот ги заклучува американските царини од 15 проценти за повеќето увозни стоки од ЕУ, а Фон дер Лајен и нејзините соработници успеаја да ја одбијат заканата на американскиот претседател за зголемување на царините за повеќето стоки од ЕУ на 30 проценти од 1 август. Договорот веројатно ќе даде некаков импулс за европската економија, која сè уште заостанува зад поголемиот...









































