Пронајдено телото на 16-годишното девојче кое исчезна во водите на Вардар кај Градско

Пронајдено е телото на 16-годишното девојче кое на 24 јули исчезна во водите на реката Вардар во општина Градско. Од Министерството за внатрешни работи информираа дека телото на девојчето е најдено денеска во 12:10 часот во водите на Вардар во близина на Старо Градско. Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција. Во потрагата за девојчето...

Активни три, под контрола шест пожари

Центарот за управување со кризи попладнево информира дека до 18:30 часот на цела територија на државата активни се три пожари, а под контрола се шест пожари. Вкупно имало 20 пожари од кои 11 се изгаснати. Активен е пожарот на планината Готен и Малешевските планини каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација, како и пожарот кај селото Бешиште во...

Грижата за Македонците во Албанија се мери со дела, порача Муцунски по одлуката за отворање конзулат во Корча

„Грижата за Македонците во Албанија се мери со дела. Македонците од Мала Преспа, Поградец, Голо Брдо и Гора се предалеку од Тирана. Време е да им се доближиме“, порачува министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во видео порака на фејсбук по денешната одлука на Владата за отворање на генерален конзулат во Корча. - Конзулат во Корча со...

Владата донесе одлука за отварање на генерален конзулат во Корча

Владата на предлог на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија донесе одлука за отворање на генерален конзулат во Корча со јурисдикција во целиот регион. - Граѓаните мора да имаат брз и ефикасен сервис и услуги, поддршка за културни, образовни и економски врски. Владата продолжува со конкретни мерки и политики кои имаат за цел да ја потврдат вистинската грижа за...

Учениците од верските заедници ќе можат да полагаат државна матура и да се запишуваат на универзитетите

Предлог-законот со кој учениците од верските заедници ќе можат да полагаат државна матура и да се запишуваат на универзитетите, исто како и останатите ученици, попладнево беше донесен во рамки на 64. собраниска седница. Целта на законот, како што е наведено во образложението, е да се обезбеди најдобриот интерес на учениците запишани во верските училишта, преку создавање законска можност за полагање...

УЈП: Загрижувачка состојба во исполнување на ДДВ обврските

Управата за јавни приходи соопшти дека заклучно со 25 јули годинава евидентирана е загрижувачка состојба во однос на исполнувањето на обврските поврзани со данокот на додадена вредност (ДДВ). Според последните податоци, не се поднесени ДДВ-пријави од 142 месечни и 2.134 тримесечни обврзници. Пријавен, но неплатен ДДВ-долг е евидентиран кај 1.326 месечни и 7.748 тримесечни обврзници, наведуваат од УЈП. Директорката на Управата...

Романски, чешки, словачки, унгарски, шведски и француски пожарникари гасат шумски пожари во Бугарија

Противпожарни тимови од Романија, Чешка, Словачка, Унгарија, Шведска и Франција им се придружија на бугарските колеги во гасењето на шумските пожари. Бугарија побара помош преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, при што беа испратени пет противпожарни хеликоптери од Унгарија, Романија, Чешка, Словачка и Франција, како и два противпожарни авиони од Шведска. - ЕУ изразува целосна солидарност со Бугарија додека земјата...

Волонтерите собраа преку 2 тона пластичен отпад за време на Европскиот младински олимписки фестивал

Викендов заврши Европскиот младински европски фестивал, кој за првпат се одржа во Македонија, а Скопје и Куманово во изминатите седум дена беа домаќини на преку 4.000 млади спортисти од целиот континент. За време на фестивалската недела, натпреварувачите рушеа рекорди во нивните дисциплини, но паднаа и многу еко рекорди. Во духот на тимската игра и оставањето на добар пример, волонтерите во текот...

Истрага за тешко загрозување на општата сигурност во Струмица, маж се обидел да подметне пожар со запален факел

Истрага за тешко загрозување на општата сигурност со пожар во Струмица Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за обид да изврши – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик, информираа попладнево од Обвинителството. Како што велат оттаму, осомничениот...

До 15 септември сите службени возила ќе имаат таблици во боја

Сите државни институции и јавни правни лица имаат обврска најдоцна до 15 септември 2025 година да ги заменат регистарските таблици на службените возила со нови, специјални таблици во боја - соопшти владината Служба за општи и заеднички работи (СОЗР). Оваа одлука, како што се посочува, е донесена на денешната владина седница, по иницијатива на директорот на Службата за општи и...