Регистриран е пожар кај планината Голем Готен кон Малешевските планини и тој е под контрола
Регистриран е пожар во општината Берово кај планината Голем Готен кон Малешевските планини, и тој е под контрола, изјави денеска директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али.
Тој посочи дека интервенираат специјалните возила на Дирекцијата за заштита и спасување, хеликоптер од Чешка, припадници од противпожарната единица од Берово, припадници од противпожарната единица од Словенија, како и доброволци од...
Светски гигант од рангот на „Гугл“ и „Фејсбук“ ќе купува струја од Македонија, најави Мицкоски
Можеби некој не успеа да ги донесе „Гугл“ и „Фејсбук“, но многу веројатно еден голем светски бренд ќе купува електрична енергија поризведена во Македонија, преку ветерниот парк на „Алказар енерџи“. Преговорите се во завршна фаза, а за кого станува збор ќе оставам да каже компанијата-инвеститор, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница.
Како што истакна Мицкоски, одговорајќи на пратеничко...
Мицкоски е убеден дека земјава до крајот на годината ќе го достигне предвидениот раст меѓу 3,5 – 4 проценти
Премиерот Христина Мицкоски е убеден дека земјава до крајот на годината ќе го достигне предвидениот раст меѓу 3,5 - 4 проценти. Како што рече денеска, одговорајќи на пратенички прашања, рекордни се резултатите на Царинската управа со реализирани над 12 милијарди денари, како и на УЈП, со преку 15 отсто наплата на ДДВ во јули. Македонија, дециден е премиерот, од...
Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител
Собраниската Комисија за прашања на избори и именувањата денеска ја утврди одлуката Фатон Сељами да биде избран за нов Народен правобранител, на местото на Насер Зибер кој замина во пензија. Комисијата предлог-одлуката ќе ја проследи до Собранието.
Претседателот на Комисијата, Ѓорѓија Сајкоски информира дека на огласот за избор на Народен правобранител биле пријавени 17 кандидати - Илбер Руфати од Кичево,...
Активен е само пожарот во Берово, до 13 часот регистрирани пет пожари на отворено
До 13:00 часот има пет пожари на отворен простор на територија на цела држава, од кои четири се изгаснати. Активен е само пожарот во општина Берово, на планината Голем Готен кон Малешевските планини, каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки, ниска вегетација, бука и бор.
Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), изгаснати се пожарите во општина Радовиш: на...
Последователни земјотреси се уште ја тресат Камчатка
Последователни потреси и денеска продолжија да го тресат рускиот Далечен Исток, еден ден откако силен земјотрес го погоди брегот на рускиот полуостров Камчатка, предизвикувајќи предупредувања за цунами за милиони жители долж Пацификот.
Два потреси со јачина од 6 и 5,6 степени беа регистрирани во Пацификот на оддалеченост од 164 и 241 километар југоисточно од градот Северо-Курилск, на островот Парамушир, соопшти...
Зголемено индустриското производство за 2,8 проценти
Индустриското производство во периодот јануари – јуни 2025 година, во однос на истиот период лани, е зголемено за 2,8 проценти. Во јуни, пак, во споредба со минатогодишниот јуни, забележан е раст од 0,5 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.
Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2025 година, во однос на јуни 2024 година, бележи пораст...
Kоњички марш во Куманово во чест на Илинден
Во пресрет на големиот празник Илинден во Куманово ќе се одржи тридневен коњички марш кој почнува денеска, а ќе заврши на 2 август, најави Иван Цветковски од кумановското село Тромеѓа. Тој ги покани кумановци да ги пречкаат јавачите. Настанот како што кажа има симболична и културно-историска вредност.
Маршот започнува денеска во 17:00 часот од црквата „Св. Димитриј“ во село Тромеѓа,...
Дводневен музички настан под Китино кале „Кичевчани пеат за својот град“
Денес и утре на градскиот плоштад во Кичево ќе се одржи дводневна музичка манифестација „Кичевчани пеат за својот град“. Во претстојните два дена на градот ќе му се случи музички настан за незаборав, со поголем број солисти и групи од Кичево.
-Во двата дена на сцената на градскиот плоштад ќе продефилираат голем број солисти и музички групи од градот, познати...
Ќе се распише јавен оглас за нов претседател и член на ДКСК
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска донесе одлука за распишување јавен оглас за именување на нов претседател и член на ДКСК, по оставката на функцијата на Татјана Димитровска.
Претседателката на Антикорупциската комисија Димитровска поднесе оставка на 25 јули, а на 29 јули македонското Собрание ја констатираше, откако Обвинителството за гонење организиран криминал поднесе обвинение против неа за...








































