Над 300 светски концерти само во последниве осум години
По повод одбележувањето 25 успешни години на „Авалон“, првиот човек на продукцијата, Бобан Милошески, вели дека многу се работело во изминатите 25 години, понекогаш се грешело, но сепак ништо не би сменил - од првата резервација за три концерти на ЕКВ досега. Изработен е и краток филм за одбележување на јубилејот, со потсетување на серијата концерти на Каролина Гочева...
Откриени остатоци од изумрен слон пред околу осум милиони години
Фосилни остатоци од изумрен слон од пред околу осум милиони години се откриени во близината на неготинско Долни Дисан. Според првичните согледувања, најверојатно станува збор за остатоци од околу 50-годишно животно, тешко околу 10 тони. Министерот за култура Роберт Алаѓозовски го посети локалитетот и изјави дека се работи за голем палеонтолошки наод, кој го открија во меѓусебна соработка научниците...
Дипломите од БиХ и од Србија нема да се нострифицираат?
Во Босна и Херцеговина има 45 високообразовни институции, од нив десет се јавни, а 35 приватни, во кои се нуди образование на повеќе од 1.600 студиски програми. За жал, со зголемувањето на бројот на високообразовните установи не е постигнат и квалитетот за студирање, а можноста за купување и фалсификување факултетски дипломи се зголемила, пишува порталот „Кликс“.
Деканот на високата школа...
Кум без кумство
„Нова Македонија“ во неколку продолженија ќе објави извадоци од книгата „Македонија не е Грција“ од турскиот автор Ердоган Ознал. Книгата е напишана врз основа на голем број користени документи од турските архиви, a објавена во Истанбул
Во времето на Османлиската Империја, Грција беше административна област. Значи, неа сега треба да ја викаме „република на старата Османлиска Империја Грција“
Многу Македонци...
Заев: Проектот „Чебрен“ и „Галиште“ ќе биде 220 милиони евра, банките да дадат поволни камати
Чебрен и Галиште ќе биде помала инвестиција од околу 220 милиони евра, а не мегаломански зафат. Македонија сама ќе ја реализира зашто е финансики стабилна, ликивидноста и солвентноста се зголемени, а има и многу средства во домашните банки, рече денеска премиерот Зоран Заев.
Заев очекува банките да понудат поволни кредити. Во спротивно, земјава ќе биде принудена да обезбеди пари однадвор.
-...
БиХ се противи на изградбата на мост до Пељешац
Претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, лично ќе се обрати до хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ Хрватска да не го гради мостот за Пељешац додека не се реши отвореното гранично прашање меѓу двете земји, а истото тоа ќе го побара и од Европската комисија.
Во изјавата за медиумите во БиХ, Звиздиќ изразува зачуденост од тоа што...
Голем број пократки улици во Тетово со години стојат руинирани
Големи дупки, фрлени отпадоци, кал кога е дождливо и слично е состојбата во која се наоѓаат поголем број улици кои се помали по должина. Такви улици има дури и во строгиот центар како на пример улицата „Димо Гавровски Кара“ која води од клиничката болница до зградата на општина Тетово, во комплексот згради Чешел веднаш до плоштадот, улички позади комплексот...
Ципрас вети дека нема да троши прекумерно
Грција ќе излезе од програмата за заеми без отворање превентивна кредитна линија, соопшти премиерот Алексис Ципрас. Тој исто така најави дека Атина нема повеќе прекумерно да троши како пред избивањето на должничката криза.
Грција сега е во третиот режим на заем од 2010 година, а таа програма завршува на 20 август.
Атина се надева дека дотогаш ќе оствари целосен пристап до...
Шилегов: Во тек е набавката на нова печка за депонијата „Дрисла“
Во тек е набавката на новата печка за согорување медицински отпад за депонијата „Дрисла“. Таа треба да биде набавена до јуни и роковите не се пробиени, изјави денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов.
- Во овој момент и во изминатиот период наш примарен интерес беше на постојниот инсенератор да овозможиме поставување на доволно квалитетен филтер кој ќе дозволи безбедно согорување на...
Да ја заштитиме татковината
На дел од Македонците и на дел од Албанците не им е јасно што значи воведување на албанскиот јазик како службен јазик на територијата на РМ и што значи евентуална промена на името на РМ. Тоа се констатира бидејќи одредени „Македонци“ со леснотија велат „што ако Албанците зборуваат албански“ или „што ако се смени името на РМ“, а Албанците...







































